Ако вадела пари од банкомат , не треба никаков документ , бидејќи пинот го има само сопственикот на истата картичка . Знам , бидејќи често јас вадам пари од сметката на маж ми ( со картичка за банкомат ) , а сега и со бесконтактно плаќање ни не ти треба пинот воопшто . За на шалтер бараат лична карта и дупликат од сметката , за која претходно сопственикот треба да ти даде полномошно ( јас лично имав полномошно на сметката на маж ми , но потоа тој го укина полномошното , бидејќи извади картичка за банкомат ) . Што се однесува до камерите , ги има, но дали воопшто работат не се знае . Мажите не се виновни што се ограбени , само не требало така лесно да и даваат пристап до лични работи . Ќе им дојде ова како добра поучна лекција , за следниот пат да внимаваат со какви луѓе имаат работа ( било да е за приватен живот , било да е за бизнис ) . И не само тие што се ограбени , туку општо , сите треба да внимаваме на кого даваме пристап до нашите лични податоци и што потпишуваме . Не викаат за џабе : " пред да потпишеш документи , прочитај два пати барем " . Е сега , јас велам , можно е маживе дома да го чувале оној листот со пинот од картичките за банкомат , а жената ги пронашла и така дошло до оваа ситуација . Во тој случај , мажите ич не се виновни , бидејќи такво нешто може да се случи на било кој од нас . Затоа , најубаво е да си го помните пинот , или да си ставите датум што ви значи , за полесно да го запомните ( јас го сторив ова , бидејќи си го заборавив пинот ) .
Е ај жити се какви се тие нормални деца од 12години (7оделение) што се сликаат голи.Ниедно нормално дете не го прави тоа.А они дека се психопати се ама овие што се сликаат уште од мали деца скроз голи што се? И дај више не мешајте баби и жаби.Ова е сосема друг случај.За таа случка си има посебна тема.
Измамени од оние другите, кои им барале слики. Ете такви се тие деца. Млади, наивни, паѓаат на филмови, растат со умисла дека треба да му угодат на машкото, несозреани. Тие што бараат слики од друга страна, многу добро знаат што прават, за разлика од првиве.
Деца се тоа бе. Педофилија е. Во затвор се лежи за поседување експлицитен материјал со малолетници. Арно што според тебе не функционира светот. Ќе не силувавте по улици и немаше да бидете казнувани за тоа. Оти 'сами сме си криви'. Ако ја заборавиш отклучена вратата и те испокради некој, нема да пријавиш во полиција? Пошто ти си крива. Нели...
Кога ќе размислиш убаво, во никој случај не е виновен ограбениот. Тоа законски. Брат ми ја вадеше пензијата на татко ми, кој беше неподвижен. Ако брат ми ги трошеше парите во кафана, татко ми ќе беше крив? Истото е.
И сами да ѝ го дале пинот, женава е болна и треба да добие казна. И криминалец е. Ама како ќе кукате ако некој вас ве ограби уф. Ете и тој видел прилика де, вие сте морале да пазите повеќе.
Да , во право си за тоа . Затоа , луѓе памет во глава и добро размислување пред да датете пристап на некој до лични работи и важни документи .
Па точно е тоа дека е педофилија.Во ниеден случај не го поддржувам тоа.Затоа и ги бараа тое што беа членови во групата за да ги уапсат.Знам дека се деца и дека можат грешка да направат.Тоа што сакав да го кажам е дека не е нормално.А грешки во животот прават и повозрасни особи. Пс:тоа ќе не силувате по улици те молам да си го повлечеш.Немаш право да употребуваш такви тешки спрема мене само затоа што не се согласуваме,и пак ке кажам ве молам да престанете во врска со тоа во јавна соба да зборувате.За тоа си има посебна тема.
Јас попрво би кажала дека не е нормален човек што чува слики од девојчиња и се расфрла со нив по интернет. @MitMax Жената ќе си добие казна сигурно, само потребно е да се објави јавно инаку како би знаеле луѓето која е па да ја пријават?
Уште кога браниш педофили, кажано е се, нема шо да се коментира И да, ти не треба да мешаш баби и жаби, оти ти прв имаше пишано за таа тема, шо мешаш тогаш. Јас само се надоврзав на твоето.
Не мешај баби и жаби. Овде се работи за друго. Маживе толку биле глупи и или залудени што фино лепо ги работела. Не споредувај насилно влегување и пљачкање, со доброволно давање на пин на личност која не ја познаваш доволно, и на која и даваш иште гратис 3000 евра за дете на ќерка кое треба операција без претходно да видиш дали е виатина или не, а наводно ти е љубовница и со неа планираш иднина. Не велам да и простиме нека згине у затвор ама дека маживе сами си го барале, си го барале. И уште нешто. Полномошно ме може да се злоупотреби. Т. е нема злоупотреба ако полномошник ги извади сите пари од сметката. Сп полномошно се даваат финансиите на изволте!! Така да пазете на кој давате полномошно, пин од картица итн.
Не можев а да не искоментирам ,многу си контрадикторна као океј е за сликите и пратени у доверба не смеат така да ги праќаат ? Па и пинот верувам дека бил кажан во доверба ...
Од оваа измамени биле и две жени од Струмица. Нели прво беше оправдано што крадела пошто мажите биле идиоти кон девојките. Сега океј е? Осудуваме крадење?
Никаде не реков дека бранам педофили.Незнам од каде си го прочитала.Само реков дека секој си сноси одговорност за своите постапки.Како и девојчињата кој се сликале така и овие што биле украдени секој си сноси своја одговорност.Не се дава на никој така лесно пин ниту гола слика.А и таа Прилепчанка што ја украла вујна и со 80 000ден време е да си ја сноси последицата. И ја не мешам баби и жаби,пролистај погоре,па потоа зборувај.
Прво цитираш по не знам колку време. Друго каква вујна? Кој зборуваше за вујна? Дечко разјасни си првин малку. Немам шо друго да коментирам. И ти не знаеш шо пишуваш. Ватевер
Не можам, а да не искоментирам. Како и во секоја тема, така и во оваа се бега од темата. Факт е дека денес никому не може да му се верува. Довербата е нешто што многу тешко се стекнува, а уште полесно се руши. Тие луѓе што таа ги измамила сигурна сум дека имале доверба во неа. Таа ја ограбила и нејзината вујна! Без оглед на тоа дали и' го дале ПИН - кодот или не, таа направила кривично дело. Тие не се виновни. Вам некој/а да ви даде ПИН - код од својата картичка, мобилен, што било, би направиле ли вакво нешто? Не, нели? А да, може да се извадат пари и вез да се внесува ПИН. Има читачи за тоа. Бидејќи и "Јавна соба" е спомената, иако нема врска со темава, ќе кажам нешто и за неа. Многу е лесно да се каже дека девојчињата не требало да праќаат слики. И тие девојчиња ги пратиле истите слики во доверба. И да, воопшто не се виновни. Прво многу од тие фотографии биле монтирани и имало и девојки/жени што воопшто не пратиле таква слика. Второ, и да пратиле, сигурно не пратиле на повеќе од 7 000 луѓе. На пример, јас ако пратам на еден, значи само тој еден сакам да ми ја види. И двајца да ја видат е злоупотреба. Препраќање туѓи фотографии без дозвола на тој/таа што ги пратил/а е КАЗНИВО. К А З Н И В О. Ама кому ќе му објасниш? На Балканот речиси секогаш жртвата се обвинува. Знам дека избегав од темата со групата на Телеграм, но кога веќе беше спомената, морав да напишам нешто и за неа.