Ме искараа дека сто пати се поставува прашањето,па ајде една тема да отвориме! Значи насловот на темата кажува доволно.Дали сте фарбале облека до сега,обелена или пак целосно да и ја промените бојата?! Со каква фарба?! Каде ја купивте?! Кој е процесот?! Кој е ефектот?! А да...и дали смрди облеката потоа?!
Одлична тема, но нажалост јас немам никакво искуство со фарбањево. Сепак имам едно прашање, дали пушта боја фарбаната облека?
Сама дома не ама стално си ги носам во чаршија (Скопје) и не зимаат многу пр.200 ден за било какви панталони 100 ден за блузи и сл.а не ми пуштаат многу боја
Темава во вистинско време, и мене деновиве ми текна дека имам нешто за фарбање, а до сега не сум го правела тоа. Дома не би препорачала, една моја другарка фарбаше облека во чаршија (некаде карши хотел арка се наоѓало дуќанчето) се вика Хембој, рече дека е ефтино , а дека многу убаво ја фарбаат облеката, не пуштала многу боја... И уште ми кажа дека имало многу гужва во дуќанчето . А не ми се веруваше дека толку луѓево носат облека на фарбање. Едит - успеав и мапа да ви најдам, сега ќе треба да ми дадат процент Спојлер
и јас имам фарбано облека - земаш боја од бои и лакови 50 денари е за еден пар пантолони или фармерки ја раствораш во една чаша ладна вода Во поголем лонец вриеш 5 литри вода и ги ставаш фармерките претходно испрани Потоа ја тураш растворената боја и постојано мешаш за да се распредели рамномерно Врие така еден час потоа пред крајот тураш две чажици сол и киселина 50 мл (тие се за да не пуштаат боја после тоа )и ги облеваш во ладна вода се додека не престане да пушта боја анд детс ит
А каква боја од бои и лакови??? Таму има за дрво, за метал, за кречење... Не верувам дека се продава за текстил или можеби сум грешка?
Јас имам фарбано пантолони во Чаршија, околу 200,300 денари мислам дека беше и не пуштаат боја воопошто!
Моето прво фарбање испадна успешно Имав црни пантолони купени пред една година кои страшно многу избледеа и личеа како да ги носела мајка ми на времето и како којзнае колку да се носени. Ми се идеше да им ги треснам од глава на оние во Евроазија, човек не може квалитетни црни пантолони да си купи. Вообичаено купувам нови, ама овојпат се заинатив и отидов кај тој бојаџијата. Фино ми даде две пакетчиња црна боја, со целосно упатство за употреба на задната страна. Јас досега манџа не сум правела, ама затоа пред неколку дена готвев пантолони на шпорет. И резултатот е одличен. Е сега дали ќе пуштаат боја сеуште не знам, ги немам носено после фарбањето. Ама за секој случај ќе ги перам на рака. И не, не смрдат
Еве Маја имаше поставено слика Спојлер Бојаџијата се наоѓа во чаршија, ако одиш од горната страна, тогаш ти доаѓа од десно во една помала уличка. Има поставено црвен плакат горе, од едната до другата страна на уличката, пишува Бојаџија, нема да го утнеш
Мене па во чаршија ми кажаа дека не фарбаат волнени работи... однесов сукња сакав црна да ја фарбам и ме вратија