Дали некој ја знае целата постапка на фарбање облека во домашни услови? Каква боја да се купи, колку чини, како се прави.... (имам повеќе ситници, па ако може да ги исфарбам сама)
И јас сакав тоа да прашам дали имате фарбано во домашни услови, знам дека се продава боја за тестил само дали можете да ми кажете од каде може да се набави. Знам дека во Охрид со СУна бои и лакови се продаваше боја за текстил 80 денари мислам дека беше само не се сеќавам на постапката како беше
Јас купив боја од чаршија, на самата опаковка пишуваше каква е процедурата. Ми дадоа две кесички затоа што фарбав пантолони. Мислам дека 5kg вода требаше за секоја кесичка. Се става вода во големо тенџере колку што треба, прво да зоврие, а потоа се додава бојата. Пантолоните треба прво да се намократ, а после да се стават во водата. Околу 45 мин треба да се варат, со тоа што треба да се промешува одвреме навреме за да се фати убаво бојата рамномерно. На крај, се плават пантолоните, а во последната вода се става малку оцет.
а капут фарбаат-т.е штоф се фарба или не? баш сега додека читав ми текна дека имам едно капутче што многу брзо ми обеле на некои делови- а е црно, па ме интерсира дали може да се исфарба...
А каков е изборот на бои? Кога бев пред неколку години да прашам во чаршија имаа само црна и бордо. Повеќе ми се свиѓа опцијата дома да си ги средам сама, да не ми ги мешаат таму со туѓи алишта. Баш ќе прашам во некоја продавница за бои и лакови во Скопје, па ќе ви кажам дали има.
Пребојадисување облека Имам многу парчиња облека кои имаат одлична кројка и топ стојат, но проблемот е бојата, или не ми одговара или се избелени! Што мислите девојки, каде би можела да набавам боја за пребојадисување? На кои места има, како се вика, колку пари е? Ве молам за мислење! Однапред благодарам!
Пребојадисување облека Оди си во Чаршија за 200-300 ден ќе си ги оставиш , професионално ќе ти ги пребојат
Бев еднаш, ми исфарбаа 2 пара пантолони за 300 и катастрофа беа. Пуштаат боја на секое перење и смрдат, освен тоа и немаат голем избор на бои, само црна и црвена евентуално... Ми треба нешто за во домашни услови, да е квалитетна да не пушта боја и да не мириса!
Мислам дека во продавниците за бои и лакови би требало да има и вакви текстилни бои, за фарбање во домашни услови. Но резултатот е ист, така да и сама да си ги исфарбаш, алиштата на секое перење, повторно ќе испуштаат боја. Земи в предвид дека и кога ја фарбаш косата, на секое миење испаѓа боја од неа, ова ќе му дојде некако исто. Доколку облеката не е памук, туку некаква синтетичка ткаенина, воопшто и не губи време и пари за фарбање, зашто нема да фати. Е сега, знам луѓе кои текстил фарбаат и со боја за јајца, меѓутоа текстилот што го фарбаат има најчесто бела или крем основа, иако со тек на времето, фарбата паѓа.
Јас лично немам фарбано , ама се сеќавам еднаш мајками ми ми носеше една јакна во нејзината фабрика , долго ја носев јакната после и не излезе бојата
Дали може едно палтенце црно, како блузичка е тенко, да го офарбам во некоја корална боја? Дали имаат воопшто некоја таква посветла и дали може од црна во светла? ПС. Зборувам да го однесам во тоа за фарбање во чаршија, не дома сама да го фарбам.
^ Јас кога носев пред 2-3 години, ми рекоа од потемна во посветла неможе, само обратно. Сакав од темно кафено во светло сиво, ама ништо, не можело. А и не верувам дека имаат баш некој спектар на бои, посебно не корална Али во секој случај можеш да прашаш, може и они се во тек со модата па си набавиле и некои такви бои
Дали некоја пробала да изфарба обелена облека така што ке ја испери во кафе? дали делува? сум читала на повеќе страни демек се враќала црната боја па не знам дали да пробам )
А штом степ може да офарба коса, дали може да го лупнам на кошула бела,како овие сега што се носат, не знам точно како се вика материјалот,како тул што е,знаете де оној проѕирниот?
Не сум пробала, ама по некоја логика (И по малку искуство од овие работи), не верувам. Провери на внатрешната страна од кошулата, мора да има етикета со состав на материјалот. Ако е пророден материјал, можеби нешто и би фатило, ама не верувам дека би добила подеднаков тон на бојата насекаде. Ако е вештачки материјал, воопшто нема да фати.