Неодамна ми стигна шампонот . Мајка ми го користи ( после повеќе стресови , се проќелави малку ) веќе четврти месец , и има резултати кај неа . Јас инаку и онака имам многу тенка коса , слаба и подложна на кинење и оштетување , па решив да го пробам и шампонот од лук на ТианДе . Вчера го употребив за прв пат , па ќе видиме што ќе биде понатаму и дали ќе има ефекти и кај мене како кај мајка ми . За овој шампон се работи .
шампонов е предобар стварно! И многу убаво мириса. Јас си ја земав маската од лук, на многу добар попуст е овој месец мислам 129 ден. и ептен сум оптимиста и за неа
Леле Господе какво ТианДе . На Фармаси . Ми се спиело кога сум пишувала изгледа . Инаку , апдејт , јас до сега ја имам измиено косата со шампонот околу 5 пати , и веќе забележувам дека оние бебешки ми се малку подолги отколку што беа . Пресреќна сум и се надевам дека ефектите ќе продолжат да се нижат . Порано имав мал напредок со шампон од бреза во комбинација со б-комплекс апчиња и некакви капки ( мајка ми ми правеше , затоа не знам точно за какви капки стануваше збор , мислам од пелин или така нешто ) ама за брзо ефектот стагнираше . Се надевам дека овој пат тоа нема да е случај , па да се разочарам .
Може ли некој да ми објасни каков бенефит ќе имам ако зачленам некој на кој би му била јас тим лидер? Благодарам
ок е мицеларнава? Дајте некој must have производ од кој стезадоволни прв пат ќе порачувам, шампон предложете за сува коса
За сува коса ти ја препорачувам оваа колекција со масло од црн ким. Пробај си го шампонот и доколку приметуваш дека има подобрување комбинирај си со маска/масло, како сакаш Мицеларната е супер, моментално си ја користам, и многу е намалена овој месец. Доколку си заинтередирана и сакаш да си пробаш или имаш било какво прашање пиши ми јас работам со фармаси
Патем да се надоврзам, ова се моите must have производи. Откако си пробав се што сакав, се задржав на овие бидејќи мене многу ми одговараат На целата моја козметика од претходно направив чистка и сега само Фармаси. Јас сум презадоволна . Пишете ми слободно
Еве одблиску, неможам да ти доловам онака како што е во живо, ти праќам и сликче од каталог и исто е За дневна шминка е совршен. Во зима го користам потемниот до него што е последниот.
Мат кармини се, не се лепат на уста, издржува цело работно време ( и покрај тоа што јадеме, пиеме итн.. ) тој си стои, не бара повторување
Девојки намален е алое гелот и маската од бела глина и чајно дрво. Маската е 160ден Гелот од алое е 199ден Сос серумот од чајно дрво 260ден
Зошто баш Farmasi Гел Алое Вера? На пазарот постои голема понyда со производи во чиј состав е Алое Вера, но не се сите добри, зашто помешана со алкохол и адитиви, она ги губи своите својства. Во Farmasi Алое Вера гелот е дури 93% Алое Вера! Состојките кои ги содржи овој гел се: - витамин А, Ц, Е (го забавува стареењето на кожата) - фолна и салицилна киселина (делува против бактерии, гливици, воспалителни процеси) - Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, калциум, магнезиум, цинк, селен... + скоро 240 активни состојки Гелот е совршен за: акни лузни од акни дехидрирана кожа брчки псоријаза екзема црвенило иритации перутање сува кожа изгореници каснувања од инсекти подочњаци одличен како подлога за шминка
Ти благодарам многу, а дали се само мачкаако да колку треба да стои или се одмива и во кој период од денот се става?
Само мачкаш и оставш да стои, многу брзо и лесно се впива во кожата. Одличен е за хидратација на кожа, доколку го мачкаш за црвенило, иритации од депилација, или изгореници од сонце, мачкаш таму каде што ти е проблемот, веднаш имаш пријатно чувство на ладење а црвенилото се повлекува најмногу за половина час. На лице можеш и наутро и на вечер. Мене лично наутро многу пријатно ми делува, знаам и да го растворам со малку вода и чајно дрво, да го замрзнам како коцки мраз и наутро коцката мраз да ја мачкам на лице. Делува во стареењето на кожата, ги затвора порите и плус во овие летни денови совршено пријатно.