Јас не, ама мајки на мои блиски другарки редовно го нарачуваат и задоволни се по ова што го кажуваат.
Да ама морам да напоменам дека ја масти косата не е за масна коса, само за ептен суви врвови, оштетена коса зошто е со 18 амино
здраво, дали цените се тие што се на каталогот или има некој дополнителен попуст ( дали треба да се зачленам) Фала
Здраво Секако дека ако сте член имате попусти 15-33% плус можност за провизија и напредок. Пишете ми порака ако сакате подетално. Поздрав
Ќе може некој да ми каже која ќе биде цената во следниот каталог на шампонот со бел лук ( Dr. C.Tuna)? И дали некоја го има користено маслово да сподели какви резултати има?
Колекцијата на серум,маска,спреј и шампон за коса со кератин.Лично сум многу задоволна. И мат сјај-кармините.Друго според мене многу лошо
Здраво девојки,се извинувам ако пишувам во погрешна тема,но друга не заприметив дали има, затоа што нова сум,па сакав да Ве прашам дали сте задоволни од продуктите на Фармаси претежно за кармините и пудрите ,секако ако некој употребува,до сега горе долу сум користела од Авон повеќе,па сакав да Ве прашам за искуство,и со кои продукти претежно сте задоволни,и би ми ги препорачале. Ви благодарам однапред.
Зошто мене ова ми делува на многу млитава фирма? Да почнам од катастрофалниот лош и смешен превод на некои зборови/фрази/СОСТОЈКИ!!! Страшно! Се чувствувам дебилно кога го разгледувам каталогот. После, една крема за раце со шеќер нешо... Аух! Никаква! Толку евтино делува и самата амбалажа, првенствено... Грозен мирис, евтин. Не знам дали нешто е до мене
Јас лично сум задоволна, затоа и се зачленив за да купувам со попуст за себе пред се буквално од детергент до пудра користам. Како и секоја друга козметика различни луѓе, различни искуства. добра ноќ за било какво инфо можете да ми пишете слободно ♡
Кремата што сте ја пробале од кафеав шеќер беше на расптодажба 29 ден и не знам што аууууххх очекувавте едноставно вие не го сакате тој мирис , како јас што не сакам цимет на пример, а замислете јас можеби цели сетови пред не знам колку време беше точно акцијата продадов можеби 15 во еден месец. Сетови не креми. Дајте им шанса и на другите производи. Каталогот не го коментирам, се согласувам и ме вознемируваат и мене ти е грешки затоа не го ни користам се оди преку мојата страна. Јас лично.сакам( пишете адреса во порака) да ви пратам производ подарок па ќе чекам известување дали сте задоволни добра ноќ
Мене ми делуваше млитаво и кремата за раце ))) Да не се разбереме погрешно: немав намера да омаловажувам или да повредам лично чувство. Секако дека станува збор за прашање на вкус. Мојот е тој ))) А за подарок, таман работа, нема потреба.