Единствено нешто што ми помогнало во живото е чајното дрво, не само за акни, туку и за многу други проблематични работи на кожата. Истражувајки ги детално состојките на производите, дознавајки дека не содржат парабени и сулфати, одлучив да ги пробам и тоа е најдобрата одлука што сум ја донела во врска со козметиката и негата на моето лице. Само редовно користење и правилна употреба, резултатите ќе бидат видливи, ветувам.
Јас го користев, задоволна сум, но искрено за целулитот не ми помогна. Постои посебен производ за целулит од кој сум задоволна.
Здраво. Какви искуства имате со сапунот од Фармаси од Др. Туна од чајно дрво? Конкретно за акните во пределот на деколтето
Serumot od caino drvo kako i za sto se koristi.. mi imat kazano deka se koristi za akni, za mrsna kosa a i sprecuval sirenje na voski vo kosata dali e tocno...od gradinka sme fatile voski dali moze da go iskorostam serumot
Може ли некој да ми даде мислење за парфемот Bliss. На кој парфем е сличен? Повеќе сакам благи парфеми, да не е кисел.
Здраво, дали има некој во центар во Скопје кај кој што би можела да нарачам нешто, и да си го земам и директно да си го платам?
дали некој ги има користено маскариве zen од 159 ден и deep Black од 169 ден? И за шампониве дали некој ги има користено овие шампони да сподели искуство?
Зен ја иам користено ама не ми е по кејф нешо .. Дип блек моментално ја иам и е подобра од зенот , и четката и е подобра . Од шампоните Хербал микс го иам користено еднаш, ама нишо посебно . Тој со лук е подобар .
Јас extreme curl и double lash ги користам. Неизменично ги порачувам, преубај ми се. Е сеа зависи што ти треба тебе конкретно, јас имам должина и сакам само густина и извиткување овие двете ми бркаат ептен работа А за шампоните го користам шампонот од лук, косата пребрзо ми расти. Кога бев плавуша читај прегорена користев кератин колекција, како свила ми ја праеше косата. Тек тук моментално знам да променам наместо од лук, да земам од black seed (иста амбалажа е како лукот) .
Јас би сакала издолжување. Инаку оваа што јa зедов само еднаш ставив колку за проба ама ништо посебно, не беше како што очекував. Ајде ќе видам понатака како ќе се покаже