Deep black не ми е нешто special искрено. Еве јас работам со Фармаси 7 години, лидер сум и сите тие работи, накратко имам искуство. За издолжување double lash па дури и zen може да ти помогни да го добијаш ефектот на издолжување. Прашај ме за совет пред да порачуваш било што П.С. - Не ти се нудам за порачки, само за себе си порачувам. Јас работам исклучиво со градење на мрежа.
пишав пред да нарачам ама не добив одговор а ми требаше за побрзо па итака за една другарка порачувавме и јас истото го зедов. Ама еве за друг пат ќе знаам
Дали може некој што е член да ми објасни на кратко како е да си член и како оди тоа со заработката? Фала однапред
Неколку години ја користев CC кремата како секојдневна пудра, но последниве 2-3 месеци ја нема во каталог. Гледам дека има некоја нова CC, во друго пакување, но цената е драстично повисока (а и во волуменот се разликуваат). Дали ќе ја има повторно старата CC крема или оваа новата е целосна замена на старата?
Nope, за жал. Нова амбалажа, подобрена формула и да, дупла цена. Сите сме изненадени. После Ковидов почнаа да драматизираат нешто турците со козметикава. Јас сум од 2016 со Фармаси и сум подеднакво изненадена за CC..
Катастрофа, значи ќе мора да барам замена, а незаменлива ми беше. Благодарам за одговорот. Можеби ќе ја пробам и новава, но не ми одговара цената за секојдневна употреба.
Исто и мене најомилена ми е цц кремата од фармаси. Се работи за истата цц крема само со подобрена формула. Цената не им е многу сменета јас ја имам земено старата цц крема за 470 денари редовна цена, а новата е 500 денари. Почекај често знаат да имаат попусти па можеш да ја уловиш поевтино ако сакаш да ја пробаш. Имаш разлика сега и во мл старата имаше 50 мл, а новата има 30 мл.
Викам дека цената е драстично поголема баш ради што е намален волуменот (милилотрите). Кога ќе пресметаш, скоро дупло повеќе испаѓа. А старата секогаш сум ја земала за 300-350 денари, често беше на акција. Најсила 400 денари ако сум ја зела. Значи сега за 500 денари е скоро дупло помала амбалажа, па како новата цена за 50ml како да е 830-840 денари. Тоа е дупло, па и тродупло повеќе. Секако ќе чекам некоја акција.
Епа мила се е поскапено. И сирењето од 200 ден поскапи на 400 ден, па не козметиката. Сепак не е којзнае што па са ме може да си го дозволиме. Бар за една крема од 500 ден сме заслужиле да купиме ако веќе ни прија на кожа.
Одлична , прекривна не е тешка на лице малку ја сетувам со камена пудра и ми стои инаку имам сува кожа.
Јас ги имам цц и бб кремите многу сум задоволна. Некако повеќе ми одговара цц кремот во нијанса light бидејќи сум светла. Прекрасна покривна моќ, воопшто не се чувствуваат на лицето, траат, нешто најпрекрасно. Откако ги имам нив немам купено пудра. Ти препорачувам да го пробаш и цц кремот. Сега ја нарачав новата верзија на цц кремот, па ќе пишам впечатоци.
Дали можеш да пишеш како си задоволна од ЦЦ кремот? Гледам има некоја промоција од ЦЦ кремот, лабело и Зен маскарата за 600 денари, па се мислев да нарачам..
Ја имаш и вака помала верзија 25мл...но да знаеш ова им е старата верзија на ЦЦ крема имаа и нова но таа има и помала мл и поскапа цена.Јас ја користам ББ кремата и сум презадоволна.
Многу ми се допаѓа откако го користам немам купено пудра. Густ е и има средна до висока покривна моќ. Воопшто не се чувствува на лицето. Ти препорачувам да го пробаш. Како што гледам се исплаќа сетов зошто само цц кремот е 599 денари. Маскарата и лабелото се гратис. Како што кажа @glittergirl имаат и нов цц крем. Тој е како серум многу лесен и има слаба покривна моќ.