Бидејќи не видов ваква тема, одлучив да отворам една за да можеме ние, студентите, како и оние кои допрва планираат да се запишат на Фармацевтски факултет, да се консултираме околу се‘.
Епа вака прво морам да кажам за првичните впечатоци, пошто денес за првпат си го посетив мојот иден факултет . Значи во споредба со медицински и стоматолошки кои се во близина, фармацевтскиов ми изгледа многу посреден и почист, стварно не знам зошто Е сега би замолила некои од постарите колешки на форумов малку да не упатат нас бруцошите што како во однос на факултетот, на кои предмети во прва година да се обрне посебно внимание, а исто и за професорите ако може збор-два, кој е така потерсене
Хмм, па добро нема да ве лажам дека тече мед и млеко, ама добро е што сега новата програма (воведена во 2009) е прилично полесна. Со среќичка на сите што ке се запишувате, Ви посакувам многу трпение и енергија Инаку јас не сум задоволна којзнае колку ама ок е. Како професор најмногу го ценам Александар Димовски (деканот) - типот е стварно паметен, а најодвратна и најнеписмена е Шутуркова, а се занесува ко да е главна во светот. Не сакам да ве деморализирам, само учете навремено, не дозволувајте да ви се трупа материјал.
Дали е точно дека ако не положиш еден испит немаш право да одиш на наредниот? пр. ако не положиш математика, немаш право да полагаш општа хемија се додека не положиш математика?
Се извинувам што ви се мешам во факултетот, ама морам да ве предупредам за професорот по математика Борко Илиевски - ако ви предава тој, пазете се - мрази жени Се шалам, не е толку опасен, иако неколку пати јавно го има искажано гневот кон жените И внимавајте на испити, иако е стар и едното око му е пластично, на испит обавезно ќе испофати 5-6 студентки како препишуваат Верувале или не, во канцеларија има залепено лист со: СЕДУМ ЖЕНСКИ ЛАГИ: 1.Те сакам. 2.Невина сум. 3.Мразам секс. 4.Ти си ми прв. 5.Не сакам пушење. 6.Уф никогаш не сум видела ТОЛКАВ. 7.Ок, но само еднаш.
Да ама не важи тоа за сите предмети, некои се условни некои не. Некои се услов за предмет одма во наредниот семестар, некои за преку сем, а некои воопшто не се, можеш да ли полагаш кога сакаш. Во секој случај најтешките се условни, така да си знаете. Еве на пример за да слушаш предмети до 2 семестар: PREDMETI OD 2 semestar KOD na predmet Predmet Profesor Uslov za slu{awe i polagawe/polo`en: FFDP06 primeneta statistika Prof.d-r Borko Ilievski - matematika FFIH0neorganska hemija za farmacevti Doc.d-r Rumenka Petkovska - op{ta hemija FFIF04 farmacevtska botanika Prof.d-r Biljana Bauer - op{ta botanika FFIH03 analiti~ka hemija 1 Prof.d-r Suzana Trajkovi} Jolevska - op{ta hemija FFDP02 istorija na farmacijata Prof.d-r Biljana Bauer -nema FFDP15-A Angliski Jazik -nema FFDP15-F Francuski jazik -nema FFDP15-G Germanski jazik -nema FFDP15-R Ruski jazik -nema FFDP16 Fizi~ko -nema Тоа значи дека за да слушаш статистика треба да положиш математика... итн. Ама не е толку страшно не се секирајте :geek:
навистина ли имало многу решавање равенки-хемија? велат 70 % од материјалот за учење е хемија? и за полагање матура дали има можност да се полагаат латински и биологија или мора латински и хемија ?
Можеш и со биологија, ама сепак хемија е клучен предмет за фармацевтски факултет. Ако не ти оди хемија мнооогу тешкотии ќе си имаш, барем јас така мислам.
Другарка од средно ич не и одеше хемија на фармација се запиша и сега не може ни еден предмет да положи освен Воведен курс и Евалуација на фармакопејски супстанции. Инаку јас од септември ќе бидам втора година и да се пожалам најмногу мака видов со биофизика, брејј глуп предмет го мразам од дното на душата. Фармацевтки од повисоките години кој е според вас најтешко предмет во 3 и 4 семестар?
Е па јас накратко ќе ви ги опишам првите три години на факултетов, зошто веќе ги поминав. Прва година: а) Прв семестар 1. Најважен предмет според мене во прв семестар е математика, значи сега да сум прва година од самиот почеток на предавањата ќе ги вежбам задачите, редовно, па и со турнусов ништо не е тешко зошто секако имате една недела пред колоквиум да ги доусовршите. Јас на пример, го положив во август последна шанса, зошто идев од средно медицинско и освен множества ништо друго незнаев. Положив едвај, со 7мица. 2. Органска хемија, за нас беше тешко зошто ни предаваше Е.Поповски, доста принципиелен професор, кој бараше да знаеме се‘. Сега со новава професорка, Весна, сите се фалат како било полесно и верувам дека е зошто за другиот предмет, биоорганска хемија, што ќе го слушате во втор семестар на испит се падна прашање: Што се јаглехидрати? Органска хемија, верувам дека нема да ви е претешко. 3.Биофизика, Неорганска хемија се предмети кои се учат единствено на памет. Нема тука што да се сфати, па да си учиш со асоцијации или слично. Како и да е, лесни предмети. Малце е потежок втор колоквиум по неорганска хемија, зошто се учи (скоро) цел периоден систем. ___________________________________________________________________________________________ б)Втор семестар: 1.Најтежок предмет, според мене во овој семестар е аналитичка хемија. Асистентката бара присутност на сите вежби, задолжително. Професорката исто бара присутност на сите предавање, без оправдание. Учење и вежбање на задачи задолжително. Без задачи (две решени) не се поминува на колоквиум, па ако сакаш и цел напиши го од А до Ш. 2.Физичка хемија, предмет сличен со неорганска хемија. Само на физика базиран. Термодинамика и сл. работи кои се потребни за понатамошното студирање. Посебно тие пластични, псеудопластични системи кои се изучуваат се потребни многу, многу се повторуваат понатаму. 3. Статистика: предмето многу полесен од математика, ама битен, зошто е условен понатаму за мнпгу предмети од втора година. Со вежбање се поминува. Теоријата-на памет, поинаку незнам како, зошто Борко бара на теорија се‘ од А до Ш. ____________________________________________________________________________________________ Втора година: в) Трет семестар: Според мене најлесниот семстар е овој. 1. Биохемија, предмет кој навидум е обилен, ама интересен за учење, и едноставен. Лесно се сфаќа, се повторуваат многу работи од средно кои сте ги учеле по предметот биологија. 2. Клеточна биологија: Предмет кој многу лесно се положува. И со неквалитетно научен материјал се положува. Се опишува градбата на растенијата и скоро се‘ е едно со друго поврзано. 3. Молекуларна биологија: предмет за кој нас, како генерација, многу не исплашија зошто деканот го предава. Ама не, не беше така. Јас кога полагав имаше 50 прашања (испит, а 25 прашања на колоквиум) со негативни поени беше (ако имаш прашање неточно, минус 1 поен). Сега пак, давал 5 прашања на пишување. За овој предмет јас имам само пофалби, јас лесно прелесно го поминав. Ама и вие лесно ќе помините. (ако сакате дополнителни информации контактирајте ме во ЛП 4. Инструментални фармацевтски анализи: мене ми беше досаден предмет, на кој не му обрнав многу внимание заради Х причини ама го поминав на колоквиуми, учев онака, површински зошто сакав на испит да го оставам ама го положив. Вежбите досадни, искрено барем за мене. 5. Микробиологија: предмет кој го предаваат проф и асс. од медицински факултет. Воопшто не се замараат, ептен си е опуштено и се учи лесно. (Информации ЛП!) ___________________________________________________________________________________________ г) Четврти семестар: 1. Базична имунологија: предмет на деканот, кој исто лесно го поминав со прашања на заокручување беше, ама сега е со пишување (само пет прашања дава). Исто како и молекуларна биологија, така и овој предмет треба добро да се учи. 2.Фитохемија: предмет поделен на 4ри колоквиуми, се полага секоја недела. Лесен предмет кој се учи лесно, ама на памет искрено. На испит тешко дека ќе се положи, од мојата генерација од 10тина студенти кои беа на испит само една положи, другите го презапишаа предметот. Значи учење редовно за предметов, првиот колоквиум е најголем по страни ама најлесен. За овој предмет неможам да се пожалам дека беше тежок, зошто стварно се напнав и го учев сериозно. 3. Фармацевтска хемија I: Многу важен предмет! Мора да се учи од А до Ш, проф. Шутуркова го предава и си бара се‘. Бара знаење и логика. Таков е предметов. Бара многу учење и поврзување на нештата. 4.Социјална фармација и методологија: Предмет по кој се полага испит, со прашања на пр. Што е професија, Што е аптека и слично. Јас лично ја прочитав значи не ја учев само ја прочитав книгата и положив. Плус се носи и семинарска. Лесен и не е напнат предмет. 5.Анатомија и физологија: Предмет кој исто така го предаваат професори од Медицински факултет. Два колоквиуми: еден-анатомија, вториот-физиологија. Анатомија прелесно (ЛП!), физиологија исто. Ако сакате да го положите од прва бара учење, а ако го оставите за испит ви даваат два теста, еден анатомија, еден физиологија. ____________________________________________________________________________________________ Трета година: д) Петти семестар: 1. Основи на фармацевтската технологија: Најбитен предмет од овој семестар! Бара учење, повторување. Добро спремен материјал. Присутство на вежби, на предавања задолжително. Условен за фармацевтската технологија, фармацевтската технологија-напреден курс, скоро најбитни предмети на факултетов. 2.Фармакогнозија: Предмет во кој се изучуваат растенијата поопширно, од микро/макроскопија до хемиски состав, фалсификати и слично. Исто битен предмет, многу дипломирале со него. Значи дотолку е тешко. Ама без страв, со многу учење. 3.Основи на фармакологијата: Предмет кој го полагаат деканот и продеканката. Лесен предмет. Незнам друго што да кажам. 4.Патологија со патофизиологија:Предметов го предава Сузана Лопарска проф. на Медицински факултет. За разлика до другите предмети кој ги предаваат професори од МФ, овој е потежок и проф. бара мнооогу знаење. ____________________________________________________________________________________________ ѓ)Шести семестар 1. Фармацевтска технологија: Обилен предмет (сега го учам!), ама многу полесен и поинтересен од Основи на ФТ. Се опишува изработка на таблети, капсули, креми. Интересно многу. Завршната вежба од овој предмет е многу тешка. Обрнете внимание на задачите. 2.Фармацевтска хемија II: Лесен и интересен предмет. Се изучуваат антифунгални/антималарици/антивирусни/сулфонамиди/антипротозоици/антихелминтици. Интересен и многу лесен. 3. Основи на фитотерапијата : предмет сроден со Фитохемија, ама многу поинтересен. 4.Другите се изборни предмети од кој Фамрацевтска Ботаника е задолжителен, а ние бевме Претор, на проект во склоп на предметов. Значи е изборен/задолжителен предмет. Индивидуален проект: дипломска на некоја начин за завршени додипломски студии, после нели следат 4та и 5та година-постдиполомски, кој мене допрва ме очекуваат. Толку. Ако сакате дополнителни иформации, контактирајте ме во ЛП. И битно за бруцошите, семинарската за Воведен курс, нека нема ниту една печатна грешка! : ) / Нека не ве плаши незадоволството кое ќе го чувствувате во наредните пет години, зошто тоа ќе е дел од вашето секојдневие. Како за распоред, така за предавања, така за колоквиуми/испити и слично. Едит: Значи за условите, тоа што викате еден предмет влечи друг. На пример ако не положиш Математика немаш право да полагаш Физичка Хемија И Статистика (од втор семстар), ама Борко даде шанса да се полага Статистика без положено математика, само што оценка статистика ќе добиеш откако ќе положиш Математика. По секој предмет ги има овие услови. Без пропуст. По нова програма, воведена во 2009/2010, кога се запишав јас, материјалот од 3та година (која се смета за најтешка на ФФ), е редуциран и дополнет во 4та година по новава програма воведена 2009/2010. Значи сега за новите генерации подеднакво се тешки и 3та и 4та година. Јас на пример полагам на 31ви декември. Па на 4ти јануари оваа година од старт нервози. Ни празник ни ништо, ама тоа е. Ја сакам фармацијава и тоа ми е доволна мотивација. -Сакајте го тоа што го учите и полесно ќе си помините. -Не разочарувајте се ако падните некој колоквиум, тоа мора да се случи вака или така. -Не кревајте раце ако заглавите со предметиве. Јас на памет сум ја научила студиската програма, од што имам правено различни варијации, кој предмет да презапишам ако падна на пример нешто. : ) Така да ако имате проблемче, контактирајте ме. Верувајте, јас се‘ би дала да имав некој уште од прва година да ме советува, да знаев како да почнам и каде да не грешам. Ама немав... : ) Среќно на новите студентки. Ич не сте погрешиле со изборот!
Според ова погоре што го напиша звучи како повеќето предмети да се лесни. Се надевам дека голема мака нема да имам. Знам дека само со математика ќе си имам проблем, ама тоа е. Ќе си вежбам редовно и се надевам ќе положам. И со 6ка ќе сум задоволна. Јас имам друго прашање... дали учиш секој ден или само таа недела кога се спремаш за колоквиумот? По колку часа одвојуваш и дали имаш слободно време? Само ти ми си позитивна во врска во овај факултет. Сите што сум дискутирала викаат дека е премногу тешко и дека за ништо не имале време.
Лепа сигурно е со IQ над 140 Навистина не е толку страшно, зашто по секој предмет има комбинации што се повторуваат. само не знам како фармацевтска хемија и е лесен и интересен Тоа не ми е јасно. уствари сега ако е по новата програма како што кажав може да е полесно зашто е поделен. Во секој случај не е потценување, мора континуирано да се учи за да не те боли глава ако сакаш се да ти биде лесно и интересно
Има некоја феминка што студира за лабораториски биоинжењер да сподели што се учи, какви се предавањата, на што треба посебно внимание да се обрне ? И дали има можности за постдипломско студирање ?
BeLLaDona23, не е дотолку сега, не претерувај и ти со мојот IQ. Јас споделив мое лично искуство. Ги положив Фармацевтска хемија 1 и 2, допрва ме чека ФХ-3, па ќе кажам дали сум го променила моето мислење во врска со предметов. Искрено, ФХ е основата на фармацијава и ако некој сака стварно да студира фармација, овие предмети ќе му бидат интересни. Посебно ФХ-2, затоа што баш по тој предмет ние изучувавме одредени групи на лекови. Како и да е, за се‘ си треба загреано столче, помалце социјален живот, за да ти биде лесно и интересно, фино си кажа Беладона. Бај д веј, јас со мојот текст го пренесив моето лично искуство. Ако некој има слично или скроз различно искуство од моево ќе го замолам да си напишe тука, да им се најде на стуdентиве кои допрва ќе поминуваат низ истото, нека ме демантира без да ме цитира, споредувајќи го моето IQ, темава е за Фармацевтски факултет, а не за пресметување на IQ.
Вака, ќе ти го објаснам мојот режим на учење накратко, зошто знам колку е потребно некој да ти ги објасни некои работи на почеток. Јас таков немав, ништо не знаев во врска со факултетов се‘ од “рекла-казала“. Значи не почнувам да учам уште од првото предавање. Со турнусов имавме една цела недела слободна и јас таа недела ја користев за учење. Ако еден колоквиум беше на пр.150 страни, јас го учев 5 дена х 30 страни. Со асоцијации, шеми, некои мои измислени примери за да, кога ќе го прочитам прашањето на колоквиум да ми текне како сум асоцирала баш на таа тема. Ништо не учам на памет од точка до точка. Ефективно учам од 14 до 22 часот, со паузи секако. После 22h излегувам, т.е. одам кај дечко ми. Другиот ден исто. Пупи, паника има и кај мене, верувај! Ама го сакам многу факултетов, се помирив, јасно ми е дека овие пет години морам вака или така да ги жртвувам. После три години, прво лето јас да појдам на одмор. Секој септември имам нешто за полагање, буквално секој. Ете сега полагам Фармацевтска Технологија 2 и го спремив, па од понеденик турбо ќе го повторувам. Таа една недела, мене ќе ми донесе многу радост, ако се видам положена макар и со 6ка. Мислам позитивно, зошто не мислам колку е тешко, туку се мотивирам со исходот, со положениот предмет. Тоа ми е мотивација НАЈГОЛЕМА, затоа и звучам позитивно. Не слушај колку е тешко, секој факултет на свој начин е тежок. Ќе се покаеш многу пати што си се запишала фармација ама не се откажувај. Ужувај во студентските денови, што друго се бара од тебе, освен да учиш? Е јас вака секогаш се тешам. Несакам да звучам нарцисоидно, сакам да пренесам позитивен став. Многу е битен, верувајте!
Епа добро е, ако имаш време и да излежиш и да се одмориш не се откажувам. Да почнам јас па ќе пишам како ќе оди
Со колку години се станува магистер по фармација? Дали е вистина дека примале со врски? Јас имам две 4ки од прва година, и сакам следната да се запишам па се надевам ќе ме примат..
Факултетот е 5 години и после завршување стануваш магистер. Годинава конкуренцијата беше многу голема, последниот во државна квота имаше околу 95 поени-што значи ги имал сите петки во сведителство и 3 петки на матура со една 4. Ама зависи, секоја година е различно. Битно гледај да си ја направиш матурата најдобро што можеш, по можност да ги извадиш сите петки А инаку, кога завршува официјално втор семестар знае некој, т.е. од кога ни почнува нас одморот летен, нормално ако положиш се навреме сите различно ми велат, некои велат мај, некои јуни, некои јули
Bidejki so turnus nastavava, tie sto ne go polozile prv kolokvium mozat da polagaat ispit od istiot predmet na denot koga se polaga 2 kolokvium od toj predmet. Se nadevam deka ubavo objasnav. I nekoj prasuvase koga e poslednoto polaganje, lani bese na 22 juni 2 kolokvium bioorganska. Nema labavo prvi pocnuvame, posledni zavrsuvame Спојлер Se izvinuvam za latinica.