1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фармацевтски Факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од Lepaaa, 14 август 2012.

  1. Dove.D

    Dove.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам неколку прашања во врска со курсот по Фитохемија што го држи деканката. Немам положено ИФА, така што немам право да го полагам предметот на колоквиуми. Некој совет од колешките кои веќе го полагале/положиле овој предмет, каков тип на учење е потребно (напамет или со разбирање), од каков тип се прашањата што ги даваат на испит и дали се слични на оние на колоквиуми што ги дава. Само што почнавме со слушање на предметов и веднаш се раширија гласини дека “нема шанси“ на целосен испит да се положи. Ви благодарам :)
     
  2. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Немој да ги слушаш од постарите генерации што ти велат дека предметов нема шанса да се положи на целосен испит. Предметов е за на памет, мислам дека на испит дава 4 есејски прашања ( од сите теми по едно есејско) 10 прашања пократки и 10 или 20 на заокружување (тоа се препознавање на структури). Немој со страв да го учи предметов, ќе повторуваш многу затоа што со тие имиња ќе се среќаваш прв пат и многу се забораваат, најмногу внимание ќе посветиш на втора, трета и четврта тема, од првата мислам дека најмалку прашања дава.
     
  3. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Дечки јас сум на медицина, ми требаат материјали за фармацевтска индустрија, што се работи кој е принципот на работа,ризици на кои се изложени вработените,и влијание на бензенот во производство и труења со бензен... Може.ли да ми посочите литературакаде можам да најдам вакви материјали? Фалаа
     
  4. Bruinete

    Bruinete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Можеш да најдеш и на интернет, побарај за good manufacturing practice in pharmaceutical industry, имаш многу статии и документи околу тоа што ти треба. Може нешто да има и во книгата на Ангел Симов - Фармацевтска технологија (ја имаш и во Резидент копирницата кај Државна горе). За влијание на бензен во производство и труења ќе треба да прогуглаш, зошто е сепак област и од токсикологија.
     
  5. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Дечки сакам да ве прашам дали имате завршни испити т.е после двата колоквиуми да следува задолжителен испит? Дали може да се ослободите од испит преку колоквиуми и каква ви е програмата на факултетот? Исто ме интересира дали сте задоволни од организацијата на факултетот?
     
  6. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    ^Имаме задолжителен завршен испит по скоро сите предмети, иако си ги положила колоквиумите. А по повеќето предмети има и практичен испит, така да еден предмет ти доаѓа да го полагаш четири пати. Организацијата на факултетот е во ред, однапред се знае расоред за предавања, вежби, полагања само ретко кога би излезеле во пресрет да преместат полагање макар барала цела генерација. Сепак ако учиш редовно, не е страшно.
     
    На Gorgina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Да не има некој молекуларна комбинации да ми прати? :$
     
  8. shimmy13

    shimmy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дечки, имам прашање, сакам да се запишам фармација, но се уште ми се нејасни можностите за вработување со звањето магистар по фармација и дипломиран лабараториски биоинжињер. Ако може некој да ми го објасни тој дел, и по некој совет за збунет средношколец :)
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Во аптека да работиш или во лабораторија.
     
  10. shimmy13

    shimmy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Океј фала, во збунка бев пошто мислев дека имам нешто повеќе опции со магистер по фармација :)
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш повеќе опции оди на медицински, пример општа медицина па после бирај што ќе специјализираш.
     
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.438
    Магистер по фармација не е само работа во аптека иако најголемиот дел од фармацевтите се наоѓаат по аптеки. Има и други работни позиции како на пример во фарбрики за производство на лекови, во веледрогерии, во клиники, како претприемачи, во агенција за лекови и други работни места кои се многу поплатени, но потешко е да се вработиш таму, за разлика од аптека.
     
    На Meli97 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Tie Sega sto zavrsivte 4 kolku pati nedelno odevte na praksa pole skolo?
     
  14. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Tie sto zavrsivte 4 g sredno kolku pati nedelno odevte na praksa posle skolo?
     
  15. MacBelieber06

    MacBelieber06 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имаш напишано деке молекуларна лесно се положува, ние годинава имаме англиски превод од книгата и обемен е материјалот а не треба се да се учи.Книгата ни ја прати една недела пред полагање што немаше шанси да се забележи што да се учи. Па ме интересираше како да се положи? xD
     
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Значи ова сум го пишала можеби пред 2 години со оглед на тоа што магистрирав пред година и нешто можеби поминало и повеќе време од мојов пост, така што оправдано е доколку програмата по која се учи тој предмет е променета. Јас лесно поминав и убаво искуство имам со сите предмети од овој професор, зошто, барем мене, многу интересно ми предаваше и обожавав да го слушам, со што ми се олесни и учењето на предметите предавани од проф. Димовски.
     
  17. MacBelieber06

    MacBelieber06 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е дека е ова многу одамна но истиот професор презентациите ни се од 2010 па сакав некое мислење што би ми олеснало при полагање ? :D
     
  18. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Дали ќе сака некој да ми прати некаков пример за тоа како би требало да изгледа проектната задача по вовед во фармација?
     
  19. Rain.

    Rain. Нов член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Jas sredno sum farmacija, toa sakam i da prodolzam no strav mi e matematik ne mi odi a i velat tesko e.Pa sakam sovet od vas bidejki spomnavte deka e ubavo koga ke vi kazat na sto da se obrne vnimanie i kade se pravat greskite.Vi blagodaram :*
     
  20. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Vo pance li si?i ja sum farmacija sredno