Ги замолуваме постарите колеги да бидат поактивни какви задачи да очекуваме физичка хемија на практичен зошто вежбите се тапа..
На сите факултети од сите државни универзитети имаш државна и приватна квота, во зависност од поените ќе бидеш примена во некоја од нив.
Ти благодарам многу, слушнав нешто дека на Кирил и Методиј немало приватна квота за на фармација туку само во Штип па сакав да се уверам
Леле страв ме фаќа... А по колку бодови имаа отприлика и колку имаше отприлика тој последен што го примиле да не памтиш случајно? И исто така ме интересира од Средно медицинско Панчр Караѓозов во Скопје беа повеќето или од други школи?
Во државна од над 90, во приватна над 80. 125 мислам беа примени, 75 во државна, 50 во приватна. Отприлика вака беше. Е сега после примаат уште по десетина или повеќе не сум сигурна, од малцинства, деца кои ги изгубиле родителите во воени служби.. Имаше многу од Панче годинава да, али небитно е тоа, поените се битни. И да,трет екстерен треба да полагаш хемија или биологија! Инаку кратат бодови. Не се плаши,тешкото тек следува, што просек имаш?
Предметите ги има на страната на факултетот, прва година само неколку предмети се различни со магистри, понатаму има стручни и после завршување може да се продолжи со магистратура, а за работа може само во лаборатории и фирми за производство на лекови, козметички производи, итн..
Јас во петокот го полагав последниот испит, по изборен предмет. Па здравје, август треба да дипломирам. Ако на некоја од помладите колешки им треба некој совет, предавања, комбинации слободно контакирајте ме, додуша јас многу не сум упатена во оваа новата програма што е со усен испит и со задолжителен испит после колоквиуми ама пак може ќе ви бидам од помош за нешто. Исто сакав да замолам ако има некоја постара колешка да сподели информации во однос на полагањето на праксата и тие случаите што треба да ги однесеме, пошто ние цела генерација поим си немавме дека треба такво нешто никој не не извести во петокот дознавме за тоа
Дали мора да полагаш испит ако веќе си го положил колковиумот, конкретно за смерот лабoраториски биоинжинер ?
Со несоодветни предмети имам 90.6.. поени на државна матура . Дали имам шанси за државна квота да се запишам? *предност проектна биологија