Значи ако сакаш можеш откако ќе завршиш 3 години и дипломираш, да земеш магистерска пример за Клиничка Фармација?
Ако се запишеш на насоката за фармацевт, т.е Магистер по фармација ќе дипломираш после 5 години и ќе имаш звање М-р фармацевт. Клиничката фармација ти е посебна специјализација на која можеш да продолжиш по магистрирање, а бидејќи е здравствена спец. трае 3 години и критериум е мин. просек 8. Не може да специјализираш клиничка фармација со диплома за лаб. биоинженер.
Дали некој знае професор по хемија кој дава приватни часови? Ми треба за да спремам испит по органска и неорганска хемија на фармацевтси факултет. Пишете ве молам!
Според мене не ти требаат приватни часови за органска и неорганска. Претпоставувам дека органска ти е Ана и објаснува супер, следи ги предавањата и вежбај дома и да плаќаш професори нема ништо повеќе да ти објаснат. Не е тешко само треба да се повторуваат предавањата и многу да вежбаш и да пишуваш формули Неорганска учи си од книгата и од предавањата на проф.
Феминки, смеров лабараториски биоинжинер ми изгледа доста добар, самоо нешто што ме спречува и ме плаши е тоа дали има многу конкуренција, колку примаат и какви оценки треба минимално да имаш?
Здраво ако може некој да ми помогне во пополнување на барање за регистрација на традиционален хербален лек доколку знае нека ми пиши лп...итно ми е
А јас не сакам да работам во аптека туку да правам лекови може ли некој да ми објасне што има искуство
Женски не знаев кај да пишам, да не знаете каде се полага за лиценца за фармацвтски техничар во Скопје? Како оди таа процедура?
Здраво, ако има некој добар што е на фармацевтски факултет или има завршено ако се разбира Аналитика на лекови за монографиите од Европската Фармакопеја да ми пише во порака да ми разјасни некои работи оти мн ми е тешко а полагам за некој ден. Ве молам доколку има некој добар човек и разбирлив доколку може барем малку да ми помогне .. Ќе му бидам многу благодарна...
14 испишани страни и ни еден коментар за смерот лабараториски биоинженер.Добро, нема никој тука што го студира тоа, да сподели нешто со нас.