Ми треба некој подетално да ми каже за фармацевтски факултет Како се збират поени? Колку поени треба? Ако има некој што ќе сака да ми опише или нека пиши тука или ЛП..Ве молаамммм!!!
Некој може да ми кажи со колку поени биле во државна квота за на овој факултети со 90 поени според вас во која квота би била
Јас сега се запишав на смерот лабораториски биоинженер. Според мене тоа е многу добар избор доколку сакаш таму да се запишеш и има место за вториот уписен рок
Штип примаат со многу помалку поени, а Скопје има многу повеќе конкуренција. Плус за Штип важат некои стереотипи дека дипломата не важела ништо, дека ништо не се учело, дека секој се запишал, а за Скопје е обратно. Секако со истата диплома имаш ист назив магистер по фармација и све си е исто, освен ете стереотипите и коментарите наоколу од луѓе што едвај и средно завршиле ама битно тие на Штип не ги бивало. У кратки црти тоа
Здраво дали некој може да ми каже нешто по детално за лабораториски биоинжињер? Дали е тешко и од прв семестар кој е најтежок предмет?
Во прв семестар за најтежок се смета општа и неорганска хемија, а исто така доста тежок е и биостатистика
Здраво дали некој може да ми каже за симинарските по пребарување на литература?Дали се тешки за правење?
Дечки јас сум 3та година средно фармација,и сакам да се запишам фармацевтски факултет па сакам да ми кажете кои предмети ги има,што се полага и дали само на запишување се плаќа и колку или се плаќа и кога нема да положиш испит?Повеќе ме интересира што како е за плаќањето,поради тоа што моите не се баш со пари..ве молам кажете ми
Општа и неорганска е тежок, биостатистика не би рекла,има комбинации и е ептен лесно сите положуваат,органска е тешко и инструментални 1 и 2,клиничка биохемија,основи на биохемија, медицинска хемија,фармацевтско-технолошки анализи исто.Овие предмети малку кочат.Има ептен фер професори ама истотака има и ептен забегани и биполарни што за пола поен буткаат на испит у последна сесија
Најбитен според мене - Биоорганска хемија.Ист принцип на тестови како органска, но многу повеќе работи за учење напамет. Прв колоквиум е многу битен за олеснување на Биохемија во 3 семестар. Аналитичка хемија - логичен и интересен според мене, задачи, титрации, битни работи од теоријата. Практичен полагате у лабораторија, лесно се поминува. Треба ептен да си труп за да те бутнат на практичниов. Идете си и на мини тестовите ако сакате повисоки оцени, лесни се . Физичка хемија - ја коа полагав имавме шанса само на испит да идеме а не на колоквиуми, така да не го учев многу, го забаталив. Али лесен е , многу ствари од неорганска се повторуваат. Задачите гледајте да ги сфатите, асистентката Наков бара логика. Статистика - мене ми беше преелесно за задачите, теоријата е бубање на теореми и докази али се учи бргу. Прв колоквиум е веројатност и треба мозгање, втор се учат принципите на решавање и тоа е тоа. Евалуација на фарм. Супст. - семинарски во групи правите и ги презентирате, сите ќе положите. Проф. Анета инаку многу добро првоцренува кој колку знае и реално оценува.