Факултет на кој што аситентите се скроз влезени во филм и глумат некој јак фактор а впрочем не знаат ништо да објаснат како што треба, за разлика од професорите кои се полабави и имаат повеќе разбирање, но за жал целата работа им ја оставаат на неспособниве асистенти, па на крај од 100 дипломирани во генерација само 20 знаат да ти кажат што е оксидација/редукција, хидролиза, хронично/акутно заболување, спектроскопија, суспензија и слични термини кои не е дозволиво да не ги знае еден дипломиран фармацевт! И после зошто не немало на Шангајска листа...
Здраво, бидејќи насоката магистер по фармација е 5 години ме интесира дали првите 3 години се плаќа 200/400 евра, а 4 и 5 година како постдипломски студии или сите 5 години е 200/400 евра во зависност дали си државна или приватна квота?
Сите 5г се плаќаат исто. Факултетот си е 5години по траење, скроз ист принцип како тие 4г што се. Ако си државна си плаќаш 200е 5години, ако си приватна 400е 5 години.
Дали хемиите се учат од основата во 1ва? Мислам дали се почнува со полесен материјал, поедноставен или директ се оди на сложен материјал хемија? Може некој фармацевт да ми пише?
Има дел од основата,ама повеќето се нова тематика иако има слични работи што се учат во 1 и 2 год средно. Задачите не дека не се разбирливи,ама многу треба да се вежбаат и некој да ти ги каже финтите за решавање.
Од старт се почнува се, не грижи се. Претходно познавање секако е од помош, макар што тоа би биле само најосновните работи зашто хемиите се изучуваат доста опширно. Во прва најбитно е редовно вежбање на задачи и цртање структури, механизми. Најлесна година според мене
Девојки..една од опциите ми е да се запишам на фармација,друга на електро знам два различни се и немаат ниту една сличност ама тоа е се мислам сè уште. Кажете ми како се снаоѓавте на почеток дури се навикнете со повеќе часови предавања,вежби особено оние кои сте од гимназии затоа што и јас завршив во Орце не сум учела фармација средно во Панче и сум назад со хемијата(не дека не ми оди), но немам исто предзнаење со тие од средно фармација. Може ли малку помош подетално ако на некого не му се пишува овде може и лп. Би ви била многу благодарна!!
На кој принцип е оценувањето на ФФ? Дали е како на медицина и усно и писмено со 3 колоквиуми плус испит или? За лаб био прашувам.
@jolo Оценувањето е различно за секој предмет и за секоја катедра. По некои предмети има усен или делумен испит, а за некои само колоквиуми се полагаат и ако ги положиш нема потреба од усен/делумен (делумен е всушност третиот колоквиум). Некои предмети немаат колоквиуми, директно се полага на испит.
Здраво Сакам да знам, постои ли можност да избереш фармација само додипломски 3год Бидејќи сакам дипомски да пробам некаде на страна
Me interesira sto uloga igra iKNOW sistemot na ukim? Drugar mi rece mora da se najavis pred upisi navremeno..
Сега трба да се запишувам и ме интересира дали е добар избор фармација? Постојано слушам како некои од моите пријатели дискутираат дека не е добар избор затоа сто ќе се утепаш учејќи а на крај ќе работиш во аптека за иста плата со некој кој завршил само средно? Ме интересира и вашето мислење во врска со оваа тема па ако сакате ќе може ли да ги споделите вашите ставови