1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фармацевтски Факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од Lepaaa, 14 август 2012.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Прво со факултет во аптека земаат 10-15 илјади повеќе од тие со средно, празник им е многу повеќе платен на пример и многу други работи. Шефови на аптека се, не може исто да е ко со тие со средно. :)
    Ова за во Зегин, за другите сум слушнала помала е разликата.
    Второ има многу фабрики за лекови и моментално фармацевти цело време се бараат, отвори огласи ќе видиш. Речиси и да нема невработен фармацевт без разлика дали со средно или факултет е.
    Трето ако вистина ја сакаш професијата запиши го тој факултет. Ја завршив средно фармација, но еве нема да продолжам таму, бидејќи знам дека нема многу ќејф да ми праи. Ако ти е само заради работа и пари, а немаш желба да учиш милион дроги по фармакогнозија на пример, тон хемиски структури на соединенија, латински имиња на лекови и хемија не ти е јака страна не оди тоа. Јас на пример највеќе ради хемијата нема да одам тоа, не сакам нешто со сила да учам и не ме влече толку многу. А професијата е многу просперитетна, барем моментално е во 5те најбарани во државата.
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Другари,фармација не е продавач на лекови.
    На факс не се учат бар кодови на лековите.
    Пет години учење за да продаваш е глупости.
    Точно дека во Македонија тешко да просперираш со факултетов,но во странство може да се успее.
    Прво информирајте се,а не од рекла казала муабети.
    Поздрав.
    Малку е оф топик.
     
    На Juh, Alisa22 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  3. Christ55

    Christ55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Ја сакам хемијата но се двоумам зошто е многу тешко и страв ми е да не заглавам а факултетот го сакам и хемија многу сакам.
     
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    А кој факултет е лесен? Секаде треба труд и учење и желба и посветеност. Дипломата нема од небо да ти падне. :D
    Чим сакаш хемија и ти оди истата, слободно аплицирај си. :)
    Како сите што учеле и станале магистри по фармација така и ти. :)
     
    На Any05 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Колку би јас сакала да имам дарба за хемија и фармација ке заработувам по 1000 евра во Македонија...
     
  6. Any05

    Any05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Не ти треба дарба туку само голема желба, труд и учење, но и да ја сакаш професијата.
     
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Да но сепак нетреба да ја бубаш хемијата научеш за 10ка и после се испозабраеш едноставно треба да те бива :D
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Зошто на фармација се примени студенти со толку малку поени?
    Може прашањето не е за тука...
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Сигурно оти е немало голема конкуренција.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Дали од секогаш има појака конкуренција на е медицина отколку на фармација?
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Споредено и со фармацевтски и со било кој друг факултет, нема појака и поголема конкуренција од тука.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Порано имало повеќе интерес за фармација и појаки биле примени. Последниве 2-3г ептен послабо интерес има за фармација.
    На повеќето прв избор им е медицина, па ако не ги примат одат на фармација, дека место има таму останато, не се пополнува квота последниве 2г..
     
    Последна измена: 9 септември 2019
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Да, ама сепак пред 3 год. На медицина примија и со по 70 поени. Значи сепак зависи од учениците што аплицирале.

    Нормално, поатрактивна им е медицината на студентите. Сепак поперспективна е споредено со фармација.
     
    Последна измена од модератор: 9 септември 2019
    На Lady D ❤️ и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Зависи од самиот успех на генерацијата и од покажаниот интерес.Ваљда медицински факултет нуди повеќе и подобри работи и затоа има толку голем интерес.
    *мое лично мислење*
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Тоа е едина година кога се деси таков колапс кога примија премногу студенти, затоа и се спушти толку ниско границата. Откако реагираа професорите и се среди министерството, ги вратија и кренаа критериумите.
     
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека фармацијата е продажба на лекови ич не ја ни одбирај за студирање зошто е далеку покомплексна наука и секако дека е тешка и бара да се посветиш, а и да имаш љубов кон неа...
    Да, јас одбрав медицина зошто ме влече повеќе, но не треба фармацијата да се потценува, кој учел, знае колку е тешка, да не збориме за хемиите само. А за факултетот истото го мислам ко @GirlRose. :)
     
    На Ana.99, Alisa22, Kitty23 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    @Dream-Girl
    Чудно е колку луѓе ќе се запишуваат нешто,а не знаат што ги чека или што ќе работат во иднина.
    Како иден фармацевт (со Господ напред) и со сета дужна почит кон аптекарите.Во иднина сакам да работам и да изработувам лекови и препарати на природна база.Радо би во лабораторија него во аптека.
    И,да, @Just.do.it и тоа се работи доколку се стекнеш со диплома и звање "фармацевт". :)
     
    На DarkStar, Any05 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Веќе кажав мислење за ова. Не реков дека со фармација само се работи во аптека, значи потенцирав во Македонија најголем процент го работат тоа.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Секако е веќе офф во темава дискусијата ама ќе средат модераторите надлежни за категоријата, ќе префрлат каде треба, па уште ова само да додадам. :)

    Да, греота е колку е нецената фармацијата, од такт ме вадеше тоа "за шо учиш ова, за продавач да си на лекови". Може баш вакви работи и муабети направија целосно да ме отргнат од професијата, некако прават да немаш желба и амбиција за истата, не ти се цени ни трудот во неа, ни ништо, а се убиваш од учење за некој да ти ја деградира и потценува професијата. Студентите по фармација си знаат колку им е тешко и колку многу се учи, ич не е лесен факултетот, а еве не е ценет. :|
    Затоа и нема интерес (еве тргнувам од себе зошто не го избрав како прва опција за студирање). :)
     
    На Kitty23, Shalitra, Any05 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bela Vela

    Bela Vela Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Некој што работи во аптека или е сопственик на аптека да има потреба од практиканат??
    При крај сум со факултетот но сеуште ја немам запишано регуларно праксата од 10ти семестар сакам да научам нешто плус , ако некој има потреба нека ми пиша