Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фармацевтски Факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од Lepaaa, 14 август 2012.

  1. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Ајде и јас да направам една ретроспектива од предметите од прва година.

    Математика- за секој е различно, мене ми беше овој најлесен предмет ама тие што беа средно медицина или фармација им беше најтежок предмет, затоа мој совет до тие што не им оди математика најдобро, теоријата убаво ќе си ја научат бидејќи Борко си бара малку напамет. Баш ќе заприметита на предвање дека и тој на памет ја има научено теоријата. :rofl: а за задачите со време ќе си одите на часови, се пофалија колегиве дека на часови убаво им објаснувале, па верувам дека нема да имате проблем.
    Воведен курс- Мој совет уште од прв семестар направете ја семинарскава ем ќе ви се тргне па нема да се замарате, еве ако не знаете контактирајте ме јас ќе ви ја пуштам мојата од лани, да видите од прилика како треба. Може да ве врати ако немата оставено празен ред после запирка, значи печатни грешки ич да нема, им ги има враќано колегиве 6-7 пати.
    Органска хемија- Мене Емил ми предаваше, рекации ''само'' бараше, ама стварно тие соединенија што ги вадеше, не знам, ама вас најверојатно Весна ќе ви предава, ептен добра професорка кај нас скоро цела генариација и органска и биоорганска положија, можеби дава механизми ама тие истите па истите и бара нешто терија ама дупло полесно од кај Емил е, од она што ми кажуваа колегиве ако ви треба од прилика да ви кажам што се паѓа ЛП пишејте и да ви кажам само дека првиот колоквиум е тридупло полесен од вториот.
    Неорганска хемија- Досаден предмет за бубање, јас на испит го зедов, затоа што стварно не ми се учеше, со комбинации посебно за втор колоквиум а и задачите од асистентката се битни на испит 4 даваше од кои 2 се услов за положување на испитот ама ептен се лесни задачиве па со нив 8 поени сигурно, ова за испит а за на колоквиум 3 задачи од кои 2 се услов.
    Биофизика- На колоквиуми овој предмет!! Јас едвај во август го положив, едвај, ама кај секој е индивидуално јас ги мразам овие предмети ко Неорганска и Биофизика напамет за учење. Ако сака некој можам да ви ги кажам лекциите што до сега ги има давано пошо на сите испити имам одени од прилика знам кои и се омилени :rofl: а и професоркава прв пат годинава предаваше

    Втор семестар
    Аналитичка хемија- Професрокава си бара и тоа многу и овој предмет на колоквиуми!!! На испит им ги давала истите прашања, значи скроз истите и пак ги паѓа, мене овој предмет ми беше интересен, сакав да го учам, имам комбинации од прилика што се паѓало па ако ви треба контактирајте ме.
    Физичка хемија- Не го имам полагано ич предметов затоа што Биофизика го влечи а јас едвај августов го положив, дури во Јануари ќе го полагам ама пак комбинации за на испит, за на колоквиум не знам стварно.
    Статистика- Многу ми имаа речено дека полесно од математика ама мене потешко ми беше...втор колоквиум е полесен, проф. Борко пак си бара теорија, се сеќавам на втор колоквиум само теорија напишав 5 страни и едвај стигнав да ги решам задачите, една оставив а цели 3 саати имав. Многу положени студенти со добри оценки по овој предмет.
    Евалуација на фармакопејски супстанции- 10 ќе имате сите, само ќе треба да презентирате за некои соединение и така.
    Биоорганска- Ни предаваше проф. Весна, предметов како предмет е тежок, за џабе не носи 10 кредити, ама ептен лесни прашања даде професоркава, ако ви предава и на вас истава контактирајте ме ќе ви дадам комбинации од прв, втор колоквиум па и од испит.
     
    На Rain. и ipavlovska им се допаѓа ова.
  2. Kourtney

    Kourtney Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    643
    Пол:
    Женски

    kako moze da iskontaktirame zosto jas sum brucosh i ke mi bide od korist sekakva informacija i sovet :D mnogu mi imaat kazuvano za profesorkata po voveden kurs deka vrakala za zapirki i slicno pa ako moze nekako da mi ja pratis seminarkata bi mi bilo od pomosh :D
     
  3. Chocolatce

    Chocolatce Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Леле луѓе како успевате да излезете на крај со учење? Имате ли воопшто слободно време за излегување,дружење и сл.? Јас имам желба да се запишам на факултетов ама нкако страв ме фаќа и незнам дали ќе можам да издржам и да успеам со такво темпо :tmi: :sweat:
     
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еве да се пожалам и јас. :) 4та година е пеколна! Немам време за ништо, Фармацевтска технологија преку глава ми дојде.
    Најлесна година, дефинитивно втора. Уживајте вие што сте втора година.
     
  5. Chocolatce

    Chocolatce Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Добив информација дека книгите потребни за учење биле мн скапи и сите требало сама да си ги купиш. Колку е вистина ова колку чинат, ако може некој да објасни ве молам.
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Мене прва ми е пекол за сега :@ . Немам воопшто среќа. Не знам паметот ми лета за дома и не знам што ќе биде понатаму. Нека си дојдат сесии и да се дружиме тогаш повеќе. Исто многу ме нервира тоа што демонстраторките се многу исфрустрирани и бараат се со обајснувања и со триста глупости, ако не не ја потпишуваат вежбата. Ако сакате да се мачите слободно запишете се, јас би ве советувала на некој полесен факултет да си одите .
     
  7. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    и јас студирам фармација веќе сум при крај 9-ти семестар, само уште еден предмет до крај :D . во глобала сум многу задоволна од факултетот иако е потежок сепак излегува стручен кадар. ако ви треба нешто помош или информации слободно пишете.
    p.s. секој почеток е тежок но во никој случај немој да се откажувате само потрудете се повеќе
     
    На Rain. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Дојде редот да се пожалам и јас.
    Аууфф како само се изнервирав ко го видов распоредот за зимската сесија.
    Физичка хемија и Инструментални фармацевтски анализи го ставиле во ист термин. Ај јас немаше толку да се нервирам ако ИФА не влечеше некој предмет што може да се полага на испит ама Фитохемија го влечи. Значи Фитохемија, од сите можни предмети баш него! :@ :@ Овој предмет е невозможно да се положит на испит. Аууу како само се изнервирав, до сега ги колнев сите од студентски прашања, па и не можело да се сменит терминот. Mене овие условиве ме уништија, ќе треба да презапишувам предмет од 2 година а баш сега овие предмети се полесни тек потешкото следува. ;(
     
  9. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Запишување на фармацевски факултет

    Едно прашање до оние кои што се по информирани: доколку во средно две години поминам со 4, а две години со 5 (без вклучување на матурата) дали имам шанси да ме примат на фармацевски факултет без разлика дали е со кофинансирање или со државна квота?
     
  10. skyfall007

    skyfall007 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    sakam da prasham dali moze na farmacija da zapishesh aku si polagal biologija i angliski kako interni predmeti? :)
     
  11. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Не, од интерни предмети можеш да полагаш- биологија, хемија и математика.
    Барем пред две години вака беше ама не верувам дека е сменето. :)
     
  12. Aglaja

    Aglaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    24
    Многу колешки :))) Прекрасно!!
    Еден совет зошто ужасно ме мачи предметов месецов, а по она 'прекрасно' мислам дека знаете за кој предмет станува збор. Фармакогнозија. Е она што ме мачи е начинот на кој треба да се пишува, т.е да се учи на памет или од чисто општо знаење може да се пишува на пример за модул дејство и употреба и она што не ми е јасно е во модул 2, делот општи познавања што значи. :D
     
  13. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    И јас планирам да се запишувам на фармација, скоро 100% сум сигурна.
    Знам дека факултетот е захтевен (ова македонски збор е? :D ), ама не знам во што друго би можела да се пронајдам
    (освен во медицина, ама по неколку разговори со мајка ми, која патем е докторка, решив дека ќе треба да го посветам цел живот на факултет и усовршување, можеби за џабе)
    Сакам да ги прашам тие што се запишани, а во средно што биле општа, значи не фармација или медицина, на што посебно од математичките ствари да си сочувам и да си обрнам поголемо внимание? И од биологија?
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Јас полагав биологија англиски македонски и фармацевтска технологија. Ако си од гимназија треба да бираш меѓу математика и англиски и ќе мораш биологија и хемија да полагаш :)
     
  15. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    па не знам баш дали гнозија е најтежок предмет! инаку е стварно многу за учење ама најважно е да си најдеш комбинации каде што има некои 100 растенија што сигурно се паѓаат и од нив можеш една 6-ка да извадиш секако ако не сакаш повеќе! тоа што е почетокот за описот на растенијата и каде како растат ама апсолутно не треба, најмногу да обрнеш внимание на хемискиот состав и формулите на главните компоненти! не знам сега како е ама нас професорката Кулеванова не ни бараше многу.....точно толку колку што треба и многу фер оценува!
     
  16. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    па во главном од математика ќе ти треба се зошто многу полесно им е на почетокот на тие што доаѓаат од гимназија! и највеќе ќе ти треба хемија. значи учи си само хемија зошто премногу хемии има и се најважни предмети! а и биологија ќе ти треба ама не толку многу како хемија!
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863

    Морам да се самоцитирам. Се сеќавам кога го пишев мислењево абе солзи од очите ми течеа.
    Сепак проф. Кавраковски испадна фер и ни го премести полагањето физичка е сега имам многу мотивација да си ги положам во јануари физичка и ИФА.
     
    На Rain. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zaklinaaa

    zaklinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo kolegi sakam da prasaam dali moze da se pomine ispitot organska hemija od Vesna ako go znam materjalot od prviot kolokvium cel a od vtoriot samo od kombinaciite i ako ima nekoj da mi kaze na sto poveke da obrnam vnimanie nekako da go minam ovoj ispit blagodaram odnapred :)
     
  19. Blue.Ivy

    Blue.Ivy Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    ЕЕј па доста фармацевтики не имало овде :)

    Јас отидов од гимназија на Фармацевтски со скоро никакво предзнаење по хемија, а верувај ми, тоа најмогу ќе ти треба тука. :) Што се однесува до математика, обрни внимание на равенки, лимеси, интеграли... по биологија: клетка, клеточни органели, делба, градба на растенија... Сепак, би ти препорачала да обрнеш повеќе внимание на хемиите, математика и биологија не се нешто особено тешки. :)
     
    На Rain. и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еве збор два од мене, за 6ти (3та година) и 7ми семестар (4та година). :) :)
    Уживајте, прва и втора година, не се демотивирајте дека е тешко. Тешкото допрва следува... Трета година и јаготката на шлагот, четврта година, ме исцедија во секоја смисла на зборот. Услови, оган да ги гори! Фармацевтска Технологија 2, Фармацевтска Хемија 3 и Фармакогнозија, животот ми го скратија последниве два семестри.

    Дефинитивно, прва е тешка зошто треба да се навикнеш, дури да сфатиш дека учењето од средно на факултет не поминува, дури да се акомодираш на професорите и дури да прифатиш и да се помириш со судбината дека студираш на овој факултет.
    Втора година, прелесна! Дефинитивно...

    Трета, четврта исто сра*е! Мислев, поминав 4та, сега уживам, ама не.
    Така е на Фамрацевтски учиш за 6ка и паѓаш, учиш за 10ка и добиваш пролазна 6ка, во најдобар случај 7ка.

    Ќе пишам, здравје, допрва и за 8ми семестар, кој отсега ме чека. :?:
     
    На malecka91 и EvitaPeron им се допаѓа ова.