Здраво, дали некој го има учебното помагало за неорганска хемија за фармација од Руменка од 2018? Прашував во двете книжари до факултетот ама немаше? Или пак некоја книжара каде што знаете дека ја има?
Zdravo.. dali ima nekoj sto se zapisa ovaa godina na magisterski studii po laboratoriska analiza i inzinerstvo vo farmacija na farmacevtski fakultet?
Lugje dali ima nekoj skripta po anatomija od prof.Dobrila Lazarova(za farmaceftski fakultet)?ili kade bi mozela da ja najdam ako znaete
Здраво.. Би сакала да прашам дали има некој кој има завршено фармацевтски факултет и држи приватни часови? Пишете ве молам.
Здраво , дали некој имате што познавате со завршен фармацевтски факултет или професор / магистер Ми треба помош , нека пише лп
Добро утро на сите Имам едно прашање до оние што се имаат запишано на фармација конкретно ме интересира дали би сум била примена со просек 1год. 5.00 2 год. 4,85 3год.4,75 и 4год најверојатно ќе бидам со една или две четворки
Jas imam i mesta drzavni ama ne nosat poeni tie kako sto znam jas inaku do sega nemam 3ka na kraj na godina se mi se cetvorki i toa samo jazicite
Здраво дали некој изработува клинички случај по предметот Клиничка Фармација и терапевтици.. немам време да посветам за да го направам ако некој прави за пари нека ми пише
Здраво,ќе може ли некој да ми објасни за специјализацијата клиничка фармација ? Што работи клиничкиот фармацевт ? Колку од прилика се неговите примања ? Има ли тука некој клинички фармацевт ?
Здраво на сите, оваа година сум матурантка и навистина запишувањето факултет, односно изборот ми создава маки. Се двоумам помеѓу општа медицина и фармација. Секаде околу мене негативни коментари како толку години учење за 400евра плата за општ лекар и сл. А исто негативни коментари и за фармација, толку години учење за продавачка на лекови. Кое е вашето мислење околу фармација или медицина? Ме интересира ваш коментар како студенти на фармација, дали факултетот е мноогу тежок и дали мислите дека се исплаќа толку учење?
Здраво девојче Прво да те посоветувам да не ги слушаш туѓите мислења и да се запишеш онаму каде ти се пронаоѓаш, бидејќи никој ама баш никој не знае колку ти ќе успееш и каде ќе те однесе животот. Второ, и двата факултета се едни од најтешките и најзахтевните, но и најхумани и најперспективни според мене. Никако не е точно дека ќе работиш за 400 евра како лекар ниту па дека ќе "продаваш" во аптека со фармација. Секако, може нема од старт да зимаш огромна плата како општ лекар или да влезеш во јака фирма и лабораторија со 0 дена искуство, но секогаш ќе имаш можност да се движиш по нагорна линија. Мојот избор падна на фармација и ќе те излажам ако кажам беше лесно зашто е обемно, захтевно, напорно, но кога го студираш со љубов и си имаш некоја цел - ништо не е невозможно и недостижно и да, трудот секогаш се исплати, зашто некој некаде тоа го цени, а твое е да го најдеш тоа место. Дечко ми е лекар и моментално е на специјализација и е преисполнет со она што го работи, има големи цели и не се замислува себеси во друга област. Со среќа со што и да избереш и да знаеш, треба да се посветиш многу за овие струки.
Може ли некој да ми каже кога отприлика почнувала септемвриска сесија минатите години? Ме турка и мене помислата дека засекогаш ќе останам да работам во аптека, но се тешам некако дека со труд и стекнато искуство ќе имам лице еден ден да тропнам на друга врата. Ми светнуваат очите кога се отвори тема за болести, така да мислам дека ја одбрав вистинската струка.