Koj moze i koj ima neka mi prati materijali pdf anatomija, voved vo farmacija , instrumentalni analizi. Blagodaram
Здраво, дали имате некои пдф книги (Фармакологија, Ф.хемија, Фармакогнозија, Ф.технологија) да ми пратите? Треба да полагам за лиценца (од средно) фармација и не можам да најдам некои одговори на прашања.
Здраво ме интересира дали се пополнуваат сите квоти и дали е важен успехот од средно ме интересира бидејќи сакам да се запишам на диететика и диетотерапија но немам одличен успех во средно?
99% можеш на диететика, нема баш многу студенти претходниве години, само биди 100% сигурна во одлуката
Има ли некој заинтересиран да запише втор циклус магистерски студии по лабораториска анализа и инженерство во фармацијата оваа академска година? Јас имам завршено 3 годишни студии од медицински факултет (медицинско-лабораториска дијагностика) и добив информација дека може да се запишам на втор циклус на фармацевтски факултет на оваа студиска програма. И веќе ако има некој запишан да сподели информации каква е програмата, дали сте задоволни , дали студиите може да се спроведуваат вонредно (доколку некој е во работен однос).
Дали некој знае кога ќе го објават конкурсот за упис на студенти на додипломски студии на фармацевтски? На сајтот се уште нема ништо, а лани го објавиле на 10.07
Како студентка на фармацевтски,поточно на смерот Лабораториски биоинженер можам да кажам дека е многу тежок ,но интересен,плус има доста пракса која е задолжителна (по скоро секој предмет). На пракса е дозволено само едно отсуство. Предавањата не се задолжителни,ама ќе наидеш на некој проф кој бара присуство. За подетално може да ми напишеш порака,ќе ти кажам се.
Здраво Дали може некој од вас што сте веќе запишани на факултетов да каже кога се запишувавте дали листите со успех од средно и и листите со примени студенти ги објавуваат онлајн на сајтот? Видов од лани нешто објавувале но само листите со успех од средно. Јас во тој период кога ќе ги објават листите можно е да не бидам во Македонија па би ми значело да знам дали ги објавуваат онлајн.
Здраво јас сега ќе се запишувам на фармацевтски факултет но се двоумам помеѓу лабораториско биоинженерство и магистер по фармација па ме интерсира да видам и други мислења околу овие смерови од повозрасните студенти. Фала однапред