Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фармацевтски Факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од Lepaaa, 14 август 2012.

  1. Blue.Ivy

    Blue.Ivy Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Повистина од ова здравје :)
     
    На Lepaaa и malecka91 им се допаѓа ова.
  2. Chocolatce

    Chocolatce Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пред некое време прашав за книгиве на факултетот дали сите сами си ги купувате и од прилика по колку чинат, но не добив одговор. Ве молам и благодарам однапред, најверојатно и јас ќе бидам идната фармацевтка :) позз
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ^^^ Книгата може да е 200 денари а може да е и 800 денари. Се зависи од предметот. :D
     
  4. Blue.Ivy

    Blue.Ivy Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Книгите ги копираме од копирница близу факултет, а од факултет се дешава некогаш да купиме практикум за на вежби. Инаку за цените, зависи од предметот. Имало книги што сме ги купувале за 200 ден, а имало и како органската хемија, за 1200 :).
     
  5. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Органската нормално дека е 1200 денари дека толку и страни е. :D

    До сега не сум купила книга, се` копирано имам и зависи пред се` од дебелината на книгата колку ќе чини. Грешка ете сега ми текна по Евалуација по фармакопејски супстанции купивме, 500 мислам дека беше ама не мен држете за збор.

    Година практикуми 2 имам купено едниот 600 другиот 900 ама тие дека се правени од медицински факултет, воглавно ги копираме практикумите.
     
  6. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам за лабараториски инжињер дали е многу тешко, и што мислите што е подобро биохемија на пмф или овој?? :^)
     
  7. Nate97

    Nate97 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Луѓе дајте комбинации од биофизика ако некој има, итно е :D
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Кој е условот за запишување на втор семестар? Колку предмети треба да се положени? Може ли да ми каже некој ? :)
     
  9. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Нема услов за запишување на втор семестар затоа што си прва година па така ќе можеш да ги запишеш сите предмети од втор семестар.
    А за запишување на втора година што значи трет семестар треба да имаш освоено најмалку 30 кредити. Се надевам дека помогнав некако.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски


    Услови нема кога се работи за нов семестар, но има кога запишуваш нова година.
    На пример, ти си сега прва година. До почетокот на втора година ти треба да си ги имаш положено сите предмети од претходниот (прв) семестар, за да не презапишуваш некој предмет, зошто со самото тоа, ти се пролонгираат годините на студирање.
    Овие предмети кои допрва ќе ги слушаш (од втор семестар) треба да ги положиш најкасно и крајно во јануарска сесија, догодина.

    А за семестар до семестар, важат условите, како на пример, ако немаш положено математика ти имаш право да слушаш физичка хемија и статистика, со потпис од математика, но зошто математика на пример не ти е положен ти неможеш да полагаш физичка хемија и статистика (иако Борко даде шанса да се полага статистика без положена математика, само оценка во индекс ќе добиеш откако ќе положиш математика).

    Мислам дека бев јасна. :)


    ____________________________________________________________________________________________

    Објаснување околу тоа, на кој предмет колку треба да му посветиш во втор семестар:

    1. Аналитичка Хемија:
    Предметов е навидум досаден и ицрпувачки, ама имајте в предвид дека овој предмет е битен за понатамошните предмети, условен за многу други.
    Вежби и предавања, задолжителни, без ниеден минус.
    Завршна вежба полагаш само еднаш, во еден термин така што на самиот тој термин имаш право на три грешки.
    Препишување никако, една моја колешка го презапиша зошто ја фатија како препишува.

    2. Статистика:
    Милион пати полесно од математика и плус Борко даде шанса да се полага без положено математика. Лесен предмет, 3.5 кредити (барем за нас беше толку), но условен за многу други предмети понатака.
    Спремање кај добар професор би ви помагнало, ако немате основа како што немав јас.

    3. Биоорганска хемија:
    Мене ми предаваше Емил, и можам да кажам дека предметов го положив со триста маки. Немам многу коментари околу Биоорганска, мене животот ми го скатија Хетероцикличните соединенија.
    Ама сега со Весна, претпоставувам полесно е.

    4. Физичка хемија:
    Обемен, но лесен предмет, комбинации помагаат тука, барем јас така мислам.
    Јас го учев цел и разгледав само комбинации па положив.

    5. Евалуација .....:
    2 кредити, се полага со семинарска. Многу лесно!


    Толку....
    Доколку ве интересира нешто од прв до седми семестар-пишете.
    За 8ми, допрва ќе собирам “импресии“! :rofl: :rofl:
     
  11. Olgica22

    Olgica22 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Лабораториски биоинжењер(фармацевтски факултет)

    Се двоумам дали да се запишам на фармацевтски факултет - лабораториски биоинжењер и би сакала мислење ,читав нешто на официјалната страна ама сепак подруго е кога ке ти објасни некој :)
     
  12. malecka91

    malecka91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    68
    Има ли некој семинарска работа воведен курс?
     
  13. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Периодов сум во преговори со сите, собирам размислувања и искуства и си го менувам мислењето за 180степени. Прво бев решена да се запишам на Економски факултет кај што би требала да бидам една меѓу илјадници, а сега почнувам да го земам и Фармацевтски како опција бр. 1. Ми изгледа привлечно (ги разгледав предметите, не зборам на памет) и како струка фармацијата ќе биде секогаш барана и би било полесно да најдам работа. Се двоумам за интерните предмети, зошто сум на општествен смер и ќе треба да го учам материјалот од цела четврта година по хемија и биологија. Биологијата сум ја сакала одсекогаш, а хемијата ми е послаба страна ама сметам дека со малце повеќе спремање и учење би се снашла добро.
    Ме интересираат вашите препораки за факултетов, добри и лоши страни?
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Ќе се пукниш од учење за една шеска, професорите не се многу толерантни и не излегуваат во пресрет. Повеќе ќе се разочаруваш од колку што ќе постигнуваш успех. Позитивно е само што по завршувањето ќе си најдеш побрзо работа.
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  15. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Ако имаш челични нерви запиши се.
    Тешко е, особено еве сега мене ми е напорно што секоја недела ќе имам полагање и само 4 дена за да го спремам истото. Ако навистина ја сакаш фармацијата тогаш ти е вистински избор. Во текот на студирањето 100 пати ќе се покаеш што се се запишал тука, гледајќи по мене само што го почнав 4 семестар одма со жалење, ама па и си ја сакам струкава и мислам дека ако отидев на друг факултет ќе згрешев.

    Добри страни.
    1. Ако ништо друго за разлика од другиве факултети овој е далеку поорганизиран, распоредот однапред се знае, знаеш точно на кој датум полагаш за секој предмет и нема шанса да се промени.
    2. Среден си е факултетот, зборам за хигиена, колку што имам отидено по другите факултети овој доста посреден
    3. Барана професија во и надовор од Македонија.
    4. Имаш една недела за да му се посветиш на полагање и само на еден предмет

    Лошо страни
    1. Има многу услови и многу е тешко ако заостаниш некој предмет па тој предмет ти влечи некој друг од нареден семестар.
    2. По цели денови окапуваш на факултет, но некогаш оваа недела не е доволна за спремање на еден предмет.
    3. Бодовната граница е ужасна за 6 треба да имаш минимум 71 поен после се` друго е нијасна а 10 почнува од 94,5 не како кај другите факултети од 91.

    И тоа е тоа што ми текнува може некој од постарите генерации да сподели искуство сепак јас сега сум втора година.
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.912
    Допаѓања:
    81.187
    Пол:
    Женски
    Jaс не сум на Фармацевтски, ама ќе ти кажам нето во врска со изборните, т.е. интерните предмети.
    Од мојата генерација кандидатите за фармација бираа физика со биологија, хемија со физика и сл.
    Ако не ти оди хемија, земи си физика. :)
    Или мислам дека дозволено беше еден општ предмет ?
    На пример филозофија со биологија - или се лажам? :^)
    Во секој случај, мислам дека не би било лошо ако си ја имаш и физиката во предвид како втор интерен.
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    @specificone тебе те чекав да пишеш во темава. :$ Фармација никако не ми беше прв избор и најголема желба, туку медицината. Од неа се откажав поради оправдани причини и ова е наука најблиску до тоа, а има каде каде подобри услови - се учи 5 наместо 9 години, по дипломирањето одма добиваш диплома за магистар по фармација, и во моментов е многу барана професија и се осеќам посигурно за во иднина ако се запишам на овој факултет.
    За редовно учење не е проблем, ме интересираат тие предмети. За тоа што одзема многу време исто, на секој факултет е напорно ама ако се има желба се постигнува. :)
    Ме интересира каков е односот на професорите и дали секогаш ќе бидам притисната со предметите и тоа да не ми заостане некој или ќе имам доволно време за спремање? И конкретно дали се почнува од самата основа за учење (зошто учев хемија само 3 години во средно и би ми било потешко)?


    Мишела не видов физика во листата на интерни предмети на фармација (ма да има неколку такви предмети на факултетот), беа наведени само биологија и хемија. Проф. по хемија ни даде 150 примери за прашања што можат да се паднат за матура и беа релативно полесни така што меѓу хемија и физика дефинитивно бирам хемија. :)
     
  18. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863

    Се учи по Турнус настава.
    Една недела се слуша еден предмет и една недела е слободна не се оди на факултет за да се спрема и полага истиот. Има заврши вежби за скоро секој предмет тоа е дополнително уште едно полагање и е услов за потпис. Наставата е таква за да повеќете предемети бидат положени преку колоквиуми затоа што сесијата конкретно во Јануари е многу кратка ама нема гајле барем прва и втора година предметите се полесни и со редовно учење нема да имаш проблем со условите. Ама многу е напорно, слободни денови се само оние два од викендот после полагање. Мислам дека со хемијата нема да имаш проблем, мене тоа што сум го учела во средно не ми вредеше ништо дека од средно гимназија сум. Органска хемија тоа што го учевме трета средно не беше ни 5% од таа на факултет. На математика обрни внимание, има доста задачи во повеќе предмети, изведувања, претворања.
    Ако има уште нешто што те интересира во врска со факултетов слободно прашај ме.
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски


    Тешко е дури не влезиш во "шемата на факултетов".
    Прва година е ужасно демотивирачка.
    Професорите се такви, што "до смрт" се водат по правилата на факултетов, не излегуваат во пресрет ако бараш 1 поен плус, можност да полагаш а ти немаш право заради тоа што не си положила условен предмет, ако ти текнало цела недела да не се појавиш на факултет па да се оправдаш дека си била болна и сл.
    Строго, многу строго ама издржливо.

    Сепак зависи од карактер до карактер.
    Јас на пример иако во прва имав само неколку предмети положени на колоквиуми, друго се' на испит- не се откажав. Тешко е, да, ама ај најди лесен факултет. Ние сакаме минимално вложување, максимална добивка!- е тоа не е така на факултетов.
    Се' има свој ред и редослед. Правила и според нив се тера.
    Први од речиси сите факултети имаме распоред за настава и испити, што е многу одговорно за мене.

    Можеби некои ме читаат и си викаат оваа психопат некој е, тешка бубалица :rofl: ама не, не сум бубалица, туку одговорно го терам факултетов, без притоа да ми биде жал што сум ја пропуштила најјаката журка викендов или кафето со другарките. Муабетот ми е, факултетов бара посветеност и жртвување. Многу!


    А за предметите имаш обеазложение низ темава што и како за секој. :)
    За интерни можиш да полагаш: Хемија, Биологија, Математика, Физика.



    Едит: Студентските денови поминуваат пребрзо, јас незнам како стигна одма 4та година скоро крај и се' на се' имам уште 5/6 испити. :rock:
    Знам дека ќе ми фалат, особено бифето : D најредновна сум таму!:D
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    poraka za site maturantki sto planirat da se zapisat ovde: obavezno izberete si hemija za matura. Barem malku od malku da imate pojma nesto da vi bidi povtoreno koga ke dojdete ovde, posto prv i vtor semestar e skoro se hemija. Posebno olesnuvanje ke vi bidi za opsta i neorganska hemija, istite raboti se sho se ucat za matura :)
    I nemojte da se plasite ne e se tolku loso kako sto izgleda :lol: Profesorite se mnogu strogi toa e fakt, ama so trud i zelba se se postignuva :)
    I ako imate nekoi prasanja slobodno prasajte :)

    Se izvinuvam za fontot, nemam makedonska poddrska
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.