Замолувам некоја од колешките што учела фармацевтска технологија ( за аптека и аптекарско работење) да ми каже од кој професор е учебникот.
Не знам сега по новата настава, ама се сеќавам дека за аптека и аптекарско работење ние имавме практикум по вежби технологија, тој е од изработен од Ник, Маја асистентите и професорките. Лепа, за кое бифе мислиш, ние немаме бифе на факултетот?
како бе немаме бифе....Асторија е! додуша тоа е добро среден кафич и е далеку од тоа замислата за бифе ама мислам дека така ги викаат кафетериите по факултетите што се! И кога сме кај тоа јас лично повеќе време тамо поминав.
Да да знам за Асторија ма викам да не отвориле бифе бифе, тоа е со малце со покумунистички ентериер. Инаку да едино Асторија и ми недостига од факултетов. Од другото едвај чекав да се отарасам
Асторија! Јас и моите колеги така го викаме. И кога е дел од факултет, неможам да го наречам кафич, кафана, дискотека... На пример.
Слушнав дека во август сме можеле да одбираме само една сесија за полагање.... ова вистина е или може на двете да одиме
Слушнав дека во август сме можеле да одбираме само една сесија за полагање.... ова вистина е или може на двете да одиме
Во август имаш дадено прва и втора декада,ти си одбираш дали предметот ќе го полагаш во едната или во другата. Не можеш два пати да одиш.
А дали може некои предмети во првата, а некои во втората или мора сите предмети или во прва или во втора ?
Ти ќе си одбериш кои предмети сакаш да ги полагаш во првата декада,а кои во втората. Не мора сите во една декада.
Да ви кажам една лоша вест, за мене е лоша и покрај тоа што многу полесно ми е кога полагам испит. Ќе ја менуваат тунусната настава. Според мене со оваа настава има поголема пролазност а и е многу полесно затоа што се концентрираш на еден предмет инаку ќе е каша попара. Вака можеби први почнува и последни завршуваме ама мене искрено тоа не ми смета се` додека јас се` си положувам.
^ Да, одлукава е, наводно, конечна. Само за нас, 5та година има пола- пола односно тој единствениот предмет (задолжителен) ќе го слушаме цел семестар, а изборните предмети по турнус. Со среќа иако и јас сметам дека со турнус е полесно, мноооогу!
Ако јас добро разборав за сите години ќе биде вака, некои предмети ќе си се турнус(оние што се помалку обемни и полесни) а некои во текот на цел семестар ќе се слушаат. И да заборавив ќе има најверојатно и завршен испит е сега не знам дали ова ќе е само за тие од што сега ќе се прва години или ќе важи за сите. Деканот ни го сменија сега е Кулеванова деканка( аман заман престанете ). Мене овие промени како гром од ведро небо ми дојдоа ќе бидам трета година и почнуваат сериозни предмети јас навикната по старата програма, многу помалку време ќе има за учење.
Да не знае некој колку поени имал последниот во државна квота минатата година? Имам ли шанси во државна со 96 бода?
mislam deka so 95 ili 94. So tie bodovi bi trebalo da si vo drzavna kvota ama sepak zavisi od konkurencijata. se izvinuvam za latinicava, od mobilen pisuvam
JAS IMAM PROMBLEM !!!! Znachi vaka, jas sakav da odam na gradezen, i polagas informatika i filozofija, ama podocna mi se smeni mislenejto ni jas ne znam kako a vekej bese docna da gi smenam predmetive sega mnoooooooooooooooooooooooooooooooooooooogu sakam da odam na farmacija, znaci stvarno zelba mi e, hemija onaka mi odese, 5ka imav, ama sega nema shansi da me primat so nesoodvetni predmeti?????? si ja unistiv zelbata znaci od slushanje drugi....... onaka imam 95 poeni, ama tamu kje mi bidat odzemeni nekolku... ve molam ako znae nekoj dali imam sansa da me primat vo bilo koja kvota neka mi kaze.....
vo skopje nemas sansa. Jas koga se zaoisuvav isto eden drugar aplicirase za na farmacija toj polagase informatika interno i mu gi vratija dokumentite. A vo stip.bez problem se zapisa