Не се секирајте за турнусот што го укинаа, може и подобро ќе ви биде. Јас почнав по обична програма, и после ни воведоа турнус, значи ми беше ужасно тешко да се навикнам. Вака нема да бидете под константен притисок и нема да ви биде многу напорно, во смисла претрчување од еден предмет на друг...Е сега мислам дека оние кои имаат подзаглавено некој предмет, ќе им се развлечка временски, а оние кои слушат редовно и нема некоја разлика, дури ќе биде поопуштено... Ајт, за неколку дена ќе бранам дипломска, па ќе ве частам
off leleeee bee SS a kolku poeni od matura imashe toj be? jas imam 96, a tamu ako mi odzemaat 90 i neshto kje imam... ali toa nema vrska najverojatno fala sepak
Ве молам за совет, ја утнав со матура, имам 71.495 просек вкупно, би можела со овие поени да се запишам на Фармација??? друг факултет не сакам!
Дали ке те примат зависи од конкуренцијата, во секој случај имаш право да конкурираш. И на мене не ми беа сите петки во средно, па се запишав и тоа во државна Во мојата генерација сите ги примија, значи сите, со тоа што имаше многу во приватна по 1000 евра и се откажаа после. Муабетот ми е да не се откажуваш од старт, еве сега гледам и партиципацијата за во приватна е намалена...за секој случај распрашај се и за во Штип, па евентуално и за во Бугарија... Ако сакаш се се може Еве ти тука повеќе инфо за конкурсот http://www.ff.ukim.edu.mk/admin_ogl_view.php?oid=633 Со среќичка!
И јас ко се запишував сите ги примија. Имавме конкурирано точно колку што примаа, па имаше и примени со помалце поени. Ако не ти смета, промени националност. Колку да те примат. Можеби далеку заминав со ова, зошто не секој би се нафатил на тоа ама па со друга националност (различна од македонска) поголеми се шансите да те примаат.
Здраво девојки. Има ли некоја овде што студира на Фармацевтски факултет - Лабораториски биоинжинер ?? Ако има, ја молам да ми пиша во ЛП сакам да ја прашам некои работи.
Сакам да прашам до колку поени примаат на фармацевски факултет или ако знаете да ми дадете линк на примени студенти од последната година да разгледам како се движела ситуацијата
За сите кои прашуваат на темава со колку поени се прима на фармација - ќе им кажам дека е различно секоја година. Зависи од конкуренција. Конкретно лани беше многу јака конкуренцијата и имаше одбиени. Кога јас се запишував 2009 сите беа примени зошто конкуриравме колку што се примаше. Друга битна информација, која е исто важна е тоа што на ФФ нема втор/трет уписен рок. Местата се зафаќаат уште во прв уписен рок. Еден опсег погоден за примање на факултетов, безразлика на квотата е од 90 до 100 (секако ). Сите што имате желба да си пробате, секој со среќата, ама имајте и втора опција, зошто да- јасно е тоа дека сегде успева со врски ама на ФФ малце потешко. Една моја колешка која беше примена, но во приватна за 0,80 и нешто поени не беше во државна и сама кажа како ни пријатели- ни ништо не и помогнало.
Zdravo . Sakam da ve prasam dokolku si vo drzavna kvota kolku se plaka za cela godina a kolku dokolku si so kofinsiranje?
Студентите во државна квота плаќаат 100 евра по семестар (значи 200 евра годишно), а оние во приватна 200 евра по семестар или 400 евра годишно. Меѓутоа, ако студиите се дисперзирани, мислам дека партиципацијата е најевтина и ако не се лажам изнесува 100 евра годишно, ама не сум сигурна дали ова важи за сите универзитети.
Бидна фармација, иако до последен момент се предомислував за Медицински. Ме исплашија годинава дека има многу конкуренција, па да си прашам- со 99 и нешто перцентилен ранг влегувам во државна квота?
^ Јас мислам дека немало потреба од прашањето зашто ова сигурно ти е од самострес , сигурна сум дека си влезена во државна квота - памти ми го зборот, ќе видиш. Никогаш не се случило на ниту еден факултет, ученик со 99 поени да не влезе во државна квота, ниту на Медицински. Сигурно конкуренцијата ќе биде голема како и секоја година, но премала е веројатноста сите пријавени да имаат само по 100 и 99. Сигурно ќе има и со пониски перцентилни рангови, така да, немај гајле воопшто.
Здраво, иако моето прашање не е во врска со темава сакам да ве прашам дали знаете некој што е на фармација, а бара цимерки? Бидејќи јас и едната цимерка сме на фармација и бараме цимерка, па поубаво би било да ни биде колешка.
Да ја корегирам Мишела. На фармација - приватна квота е 600 евра годишно. Јас сум по старо и плаќам 1.000 евра годишно, а новиве мислам дека плаќаат 600 евра.
Не Лепа, сигурна сум во тоа што го пишав зашто имам другарка на фармација на петгодишните интегрирани студии и си плаќа 200 евра годишно во државна квота. Можеби така било по старата програма, но веќе не. И во конкурсот за оваа година си стои (колку што ме држи сеќавање) 200 државна, 400 приватна квота - на сите факултети при УКИМ е така.
Лепа така е како што кажува Мишел, jас сум во државна квота ама со сигурност тие што се во приватна квота плакаат 400 евра.
Државна квота отсекогаш била и е - 200 евра годишно. А, приватната сега веднаш ќе се отрујам! 400 евра бе! Од 1000 на 600, па се' до 400 евра. Го претплатив факултетов, подобро Виена да студирав. Пу! Утеха ми е тоа што сум 5та година и што ќе дипломирам наскоро иначе... 1000 евра + наочари со диоптер + расипан желудник...
Епа ајде да напишам мислење за втора година. Трет семестар Општа и клеточна биологија прв колоквиум е премногу лесен, вториот е малку потежок. Не е тежок предметов а и за многу кратко време се учи. Молекуларна биологија со генетика јас предметов го положив со многу малку учење, но не сите можат тоа да го кажат. Морам да кажам пофални зборови за проф. Димовски многу знаење има човеков и многу добро објаснува на предавања. Инструменални фармацевтски анализи многу досаден предмет, се учи за многу кратко време. Има и комбинации и тоа е тоа. Биохемија најинересен предмет во овој семестар. Нека не ве плаши големината на книгата, лесно разирлив предмет, инересен за учење исто така се паѓаат доста комбинации. Микробиологија исто така интересен предмет од медицински факултет. Нема многу професорите да се замараат, лесен е за полагање-со заокружување, надополнување и повлекување, се состои коловиумот. 2 колоквиум е потежок се учат бактериите, габите, вирусите и се мешаат многу. Меѓутоа скоро сите положуваат на прво. Четврт семестар е потежок од трет Фитохемија- според мене најтежок предмет од четврти семестар. Многу на памет учење треба. Тешко е многу, јас ептен се стегнав и го положив, треба многу учење и поторување на работите дека се мешаат. Социјална фармација- предмет кој е ради реда ставен, за покачување на просекот. Нас ни дадоа книга од 50 страни и од неа полагавме и плус правевме семинарска. Анатомија и физиологија на поправен ги даваат истите тестови да ви кажам со време. А и од прв пат полагање даваат комбинации само треба да знаеш од каде да ги бараш. Се` на се` предмет кој скоро сите го положуваат без презапишување. Базична имунологија-зависи какви прашања ќе даде професорот. Потребно е многу логично да се разбере материјалот за да можат да се одговорат прашањата. Има комбинации знае нешто и од нив да даде. Фармаевтска хемија1-ја чувам за во јануари, не ми е положена, ама не е толку тешка само потребно е барем една недела салам да се седне да се научи, јас не ја имав таа недела па затоа и уште не ја имам положено. Професорката бара подетални одговори а и има комбинации. Епа тоа е тоа за втора година, во главно не е тешка. Се ми следува 5 семестар.