Ај да кажам и јас збор- два за 4та година. 7ми семестар: 1. Фармацевтска хемија 3: Фарм. Хемија 1 и 2 се "боза", за 3кава. Ужас тешка, лекови, лекови еден тон. Препорачувам да си положите на колоквиуми, многу е полесно. Се полага прво завршна вежба- еден ден пред испит/2 колоквиум, па после има и усно. 2. Фармацевтска технологија напреден курс: Прв колоквиум ужас, ко ќе го пишиш треба да го поседуваш мозокот на професорката, за да одговориш точно и за да положиш. PBL (problem based learning) дава, па ти погоди што е и напиши се за него и како ќе се ослободува лековитата супстанција од таа формулација. Втор колоквиум е лесен, тој е материјалот - тие се прашањата нема многу филозофии. 3. Биофармација: Прв колоквиум го предава проф. Младеновска. Тежок е ама се прашања на заокружување и има комбинации. Втор колоквиум го предава проф. Горачинова и дава прашања нормални од материјалот. 4. Храна и исхрана: Лесни колоквиуми (прашања на заокружување), лесњн испит, ама затоа претешка завршна и вежби напорни. 8ми семестар: 1. Клиничка биохемија; 2. Токсикологија: За предметиве ќе пишам заедно зошто се скроз исти. Околу 220/230 страни испит со прашања на кои треба да се напишат по пасус/два, прашања на заокружување и есеј кој е многу битен. Треба учење подеднакво исто како Биохемија. Исто професорка, исто е се'. Многу информации и набројуванки, особено по Клиничка биохемија. 3. Легислатива и аналитика на лековите: предмет кој ема колоквиуми, туку е директно испит. Како Евалуација нешто слично. Прашања на испит: 50, со пишување. Лесен, но не е многу интересен предметов. 4. Вовед во клиничка фармација: Предмет каде што нема завршна, нема колоквиуми туку е испит составен од 10 (тешки) прашања на запкружување, 10 на пишување од 1 поен (пократки одговори), 2 од 2 поени (подолг одговор), случај и задача. Нигде не е наведено дека случајот е услов за положување, ама паднат си автоматски ако не го напишиш, иако без него на испитот имаш 44 поени. Случајот е од типот: пациент прима Х лек за Х заболување, ама прима и друг лек па намален му е бројот на еритроцити. Зошто? Што ќе препорачаш? Навидум лесен предмет, ама голем дел од мојата генерација положија со 6ки, а голем дел и паднаа. 5. Фармакоинформатика: Навидум лесен предмет, спставен од испит (книга скоро 300 страни) и завршна со задачи и случаи. Многу пишување, бара испитот. Јас пробав да положав со читање и успеав. Пробајте и вие, освен ако не сакате 10ки. Јас имам 8ка зошто имав добра завршна. Толку... Стегајте "заби", 3та и 4та се ужасно тешки. Голем дел од моие колеги заглавија баш во 3та со Фармацевтска технологија 2 (кој е услов за Фарм. Технологија напреден курс - услов за Легислатива и Биофармација- услов за Вовед во кл. фармација) и заглавија во 3та со Фарм. Хемија 3 - услов за Вовде во кл. фармација и Фармакоинформатика.
Ми треба помош околу семинарската по предметот Воведен курс, доколку некој знае како треба да се изработи или ако има веќе изработено дали ќе можи да ми прати, за визуелно да знам како треба да ја изработам. Благодарам однапред!
Praktikumot za biofizika (1 semestar) e dostapen samo na PMF ili mozam da go kupam od dr.mesto, knizara?
Прашање од едно изгубено прваче до докажани фармацевтки како @Lepaaa и @specificone, а и секој студент што ќе се најде во темава и може да ми одговори. Сега сум прв семестар по новата програма на ФФ каде што после двата колоквиуми следи задолжителен завршен испит, покрај испитот доколку претходно не се полага колоквиумски. Морам да признаам дека факултетов има напорен распоред, како со предавања и вежби, така и со колоквиуми. Од вкупно 4 предмети (Математика, Општа и неорганска хемија, Биофизика и Основи на органска хемија) кои ги препорачувате да се остават директно за испит? Во сразмерна пропорција, два со два
Уф zarah многу тешко прашање. Не знам што да кажам според мене сите предмети е убаво да ги положиш на колоквиум ама знам сега дека е задолжителен и завршен испит за секој од предметиве и потешко ќе е. Лани да беше одма ќе ти речев Неорганска хемија да го оставиш за на испит ама знам дека професорката лани малку се пореметила и многу малку студенти пуштала на испит по 5мина во сесија, што реално за предметов е многу малку затоа што е полесен( ако се понашат како лани мој совет овој постапно да си го полагаш). За органска хемија би те советувала исто, затоа што е потежок предметов знам дека сега Ана вас ви е професорка па не знам дали ќе е многу тешко за положување. Математика на испит е многу за малтеритање дава еден усен испит( не е усен на пишување е и има само теорија и по некој пример) и ако се помине усниот испит се оди на задачи тоа е посебно полагање од асистентот во друг ден. А на колоквиум дава по две прашања на пишување и по 3 задачи( ако ме држи добро меморијата). Ако добро стоиш со математика можеш неа да ја оставиш за на испит. А биофизика мислам дека сеедно е дали ќе полагаш на испит или на колоквиум, ако ги имаш научено лекциите ( проф. многу сака цртежи и формули) ќе положиш без разлика што е. Не знам што да ти кажам многу е потешка новава програма советувај се уште со некој. Прв семестар мене до сега најтежок ми беше додека се навикнам на факултетско учење.
Ако може некоја колешка да ми каже како е на испит по молекуларна биологија? Дали се прашањата со раскажување или како на колоквиум со заокружување? Мислам дека нема да имам време да го спремам ме фати паника малце И за колешката од прва НИКАКО НИКАКО НИКАКО да го оставиш Неорганска за на испит мене таа Руменка ме заглави... многу е тешко на испит, Биофизика нема врска цртежите... важно е формулите добро да ги знаеш и да раскажеш се како што треба.
^За молекуларна биологија на испит обично дава на заокружување. Лани сите сесии даде на заокружување. Исто така даде и вонредно полагање за тие што не положија на време некаде на почетокот на септември и тогаш дал на пишување и не пушти никој. Разгледај ги добро прашањата од прв колоквиум затоа што лани кај нас ги даде истите прашања на испитот што се полага за време на втор колоквиум и во јануари го даде скроз истиот испит.
Некој совет од постарите генерации за биофизика? На што да обратам најголемо внимание, во глобала се добро ми оди, но од биофизика имам многу страв. Учев, ама ми кажаа дека на колоквиуми многу тешко се поминува, а на испит е речиси невозможно.
Јас положив на испит во Јануари. Тогаш имаше прашања за 2 Њутнов закон, материјална точка и движење, лапласов притисок, рентгенски зраци, УВ и др. но не се сеќавам. Внимавај на Биофизика и Неорганска, зошто професорките се гадни. Добро е што не ви е предметот по турнус, сметам дека имате доволно време за да научите со раскажување, без да ви се измеша, ние лани 5-6 дена имавме . Како и да е ќе морате сите на испит според новата програма, до Јануари повторувај ги лекциите.
Дали некој знае кои предмети треба да ги полагам на матура во гимназија за фармацефтски факултет и колку бодови носат ? Хемија и македонски секако ќе полагам но не знам дали вториот екстерен треба да е математика или англиски и вториот интерен биологија или математика во случај екстерниот да е англиски а на страната не можам да се снајдам и да видам.
Втор екстерен можеш да бираш или математика или англиски ( бар така беше до сега ), а во листа на интерни предмети за фармација влегуваат биологија, хемија, физика, математика или странски јазик ( основни нивоа ако не се избрани во екстерниот дел )
знам дека можам да бирам но колку поени носат дали има некоја разлика дали ќе имам англиски или математика ?
Фармацевти дали може некој од вас да ми каже ако знае каде би можела да купам епрувети и сталак? Фала многу
Фармацевти од постарите генерациии оние кои биле по турнусна програма ве молам објаснете како беше во врска со испитите, предавања полагања?
Пример ти почнува семестарот и слушаш предавања и имаш вежби од само еден предмет од понеделник до петок и тоа е материјал за прв колоквиум. И потоа наредната недела ти е слободна да го спремиш материјалот и во петокот полагаш прв колоквиум. Потоа пак една недела имаш предавања и вежби исто и наредната недела полагаш завршна вежба - тест од практичните вежби и после некој ден втор колоквиум. И така испаѓа 4 недели одн. 1 месец да помине само со еден предмет и кога ќе се заврши со тој предмет се продолжува со друг, па со друг. Некогаш се слушаа два полесни предмети заедно за да се превтаса. За тие што паднале прв колоквиум, можеа да полагаат испит додека другите го полагаа вториот колоквиум. А испитната сесија си е исто испитна сесија во јануари, јуни (што лани фати дури јули) и август/септември. Тешко беше тоа што се полагаше на секои 2 недели, материјалот што ќе ти го предадат од пон-петок може да е и преку 500 страни, а ти треба да го научиш за тие две недели, а едната недела ти е да не речам пропадната бидејќи си од сабајле на предавања па на вежби и цел ден поминал. И бидејќи полагаш на секои две недели цело време полагаш немаш време ни за дружење ни за пријатели ни за ништо, мора да учиш континуирано за да превтасаш. И се учиш набрзина, некако материјалот не легнува и се заборава. А предност единствено беше тоа што не ти се мешаат сите предмети заедно. За кого како за мене подобра е новава програма.
И јас сум матурантка која сака да се запише оваа година на Фармацевтски Факултет па би сакала да знам по колку студенти примаат оваа година? Барав дали има некој конкурс/известување ама неможев да најдам ништо на интернет
си барав совет за интензивен курс по англиски јазик и по тема-фармацевтски факултет и ама неможев да не се воздржам(инаку ке одам офф топик ама еве јас како гледам.го доживувам овој факс преку искуството на моја пријателка од средно фармација инаку заедно учевме она отиде на овој факс јас на друг,сега тоа друга тема )значи средно ко средно сме биле ко газ-гаќи отиде она на фармацевтски и се изгуби девојчево,се заборави од учење и тргна,вложи над книга и се врати,и тоа зборувам за стара програма пред да смислат ова со кредити значи цели испити и усно/писмено плус пракса вежбите наеднаш како влез за испит од кој 50%и усно имаше,додоуша и јас на факсот кај што бев исто си имав усно нели ние стариве фосили се по старо си теравме,море душа ни излезе ама еве не живи сме,муабетот ми е учете,сте избрале фармација тоа е и радувајте се и на лошо и на арно од студиите зошто после за 90%од фармацевтиве иде пекол,значи пријателкава заврши се ок и конкурирај оваа фирма,онаа фирма ако не знаеш некој тешко се влегува и на крај аптека и тоа синџир аптеки,е за тоа како ни било на 2те зошто пак јас и ден денешен по струка од факултетов мој немам работено морав како техничар да почнам и во истиот синџир аптеки како пријателкава,значи вака по цел ден си на нога добри 7саати,најголем број пациенти се геријатрија и влегуваа за едно лентиче аналгин а попат ќе ти раскаже фамилијарна историја и анамнеза плус,или се умислени паценти дека се знаат или типци што се удвараат или мајки/баби на вечни ергени што бараат идни снашки апотекарки бре со плата жена значи по цел ден зборуваш.објаснуваш(и кога ќе ми речеле па докторот да го прашам не дека ќе го праша туку скапо им е со пензиите сакат се да можат да си приуштат а па зошто да не кога ова и така е пензионерска држава )после броиш пари што треба цел работен ден добро да си ги пазиш во тоа касиштето што од намерни што од ненамерни упади т.е.во гужва може да ти се случи отповеќе да вратиш за ситна сума враќале и сами пациенти ама за 500кога фалело во каса на било кој колега/шка па ниеден пациент додека бев во аптека не се вратил да рече извини ми врати плус 500,а намерните грешки произлегуваат од многу '' совесни'' во блиска околина,да не пишам за кражби на разноразни козметики.део спрејови,карминчиња,лакчиња,кондоми дури на времето еднаш се случи да пофали и пластичен вибратор зошто замислете и такво чудо продававме во аптека(беше изложен на отворено да се продаде ама се почасти некој/некоја )некој ќе помисли што пишува ова есеј е пишувам зошто се што фалело се одбивало на вработените,а за грешки на рецепти оние рачните пусулци на времето да не пишувам колку ни крателе на плата и на крај пријетлкава дипломирана фармацевтка земаше плата ко за техничар а јас земав ко за касиерка од синџирине маркети да не ги рекламирам сега и кога си се кукавме 2те една на друга многу жал ми паѓаше за неа толку тежок факултет и таква работа после што уште си ја работи(е предност на факултетот и е што одма најде и си работи јас јок бре ).жал ми е што ми е вака црно обоено моето гледиште на нашите маки во аптека ама така беше за мене кога работев во аптека и за неа тогаш......искрено посакувам да не е повеќе вака,ама нема да знам ете ќе открие/пише некој од вас во иднина каде работи,дали и се вреднува сиот вложен труд на фармацевтскиот факултет кој и те како е захтевен за разлика од општествено-тематските факутети.еве мене ми е желба тие што завршија се вработија по стука да споделуват искуства Спојлер р.s.ај да не е се црно предност со овој факултет еве не само на другарка ми е што има работа иредовна плата е сега за висината на платата
^Сакав да се надоврзам на текстов. Фармацевтите се жалиме што покрај толку тежок факултет после ќе те викаат продавачка ако завршиш во аптека, ама до негде самите аптеки се криви бидејќи се продава се што ќе се стигне во аптеките... уште сендвичи да почнат да прават... кечап, мајонез?