и на мене ми отвори на iknow се најавив и мислам дека за нас тоа не важи бидејќи нема објава за идните студенти дека треба да запишат семестар така да сигурно ќе не информираат на 15ти или пак на страната
дали со истото корисничко име и лозинка ви отврата и на оваа страна кај што пишува најава на студент ? http://www.ff.ukim.edu.mk/
дали знаете зошто сеуште нема објавено на страната на факултетот групи за лабараториски инжиниер,а за магистер по фармација има
Ни јас не сфатив искрено не ја ни разбрав ни за што треба да ни биде ... ако има некој што разбрал нека пише
Здраво, сакам да ги прашам постарите колешки кои се на петгодишните студии магистер по фармација каде можам да најдам комбинации по предметите од 3-ти и 4-ти семестар? Не практикувам да учам САМО од комбинации, но би сакала да знам што „ме чека“ кога ќе се појавам на колоквиум/испит .
Да, обично во Резидент има комбинации, но за овие предмети немаат ништо. Постари колеги кои преслушуваат некои предмети велат дека учеле од комбинации и многу често се повторувале, но ние што слушаме предмети по прв пат неможеме да ги најдеме. Во ред, ти благодарам, веројатно ќе треба да се консултираме со постарите колеги штом постои меѓусебна комуникација во однос на комбинациите .
Девојчиња со Медицински, Стоматолошки или Фармацевтски факултет (студенти или дипломирани), ќе има кастинг за промоции на медицинска козметика. Се работи петок, сабота и недела, околу 5-6 часа дневно, се плаќа по 150 денари од саат, пари на сметка се добиваат за еден месец. Пишете ми лп ако сте заинтересирани за работа.
Здраво.Сакам да прашам нешто за медицинскиот факултет во Тетово.Дали конкуренцијата е голема за запишување на тој факултет?Дали може само 1 семестар од првата година да се студира таму и потоа да се префрли во факултетот во Скопје?Дали на префрлувањето имаат значење оценките од средно или само факултет? 100% ли е загарантирано префрлувањето?
Здраво колешки, да ве замолам доколку некоја има комбинации по аналитичка хемија или некои решени криви по титрација ако може да ми прати? Фала многу.
Здраво, јас сум четврта средно и сакам да се запишам на фармација но, математиката послабо.. Прашањето ми е, дали е многу математиката застапена?
Здраво женски Имав слушнато дека на фармацевтски факултет имало смер Лабораториски биоинжињер.Дали има можност за работа во аптека после завршувањето и дали е признат факултетот надвор од Македонија?