Имам десетина пара фармерки во различни нијанси и модели. Последните што си ги купив беа еден интересен модел со малку повисок струк и неколку копчиња на струкот. Омилени ми се едни шалвари што си ги купив од Еuroasia и ги изнаносев летово. Имав неколку пара ѕвонарки што ми беа чичка нови неносени и штом дојде модата за цефка фармерки, ми ги средија на машина. Е сега, ако се врати пак во мода ѕвонарка, не знам што ќе правам
Избегнував фармерки во последно време, зашто накачив неколку кила последниве 2 години, и носев панталони во кои изгледав послаба, но сега слабеам, и си купив баш некња 2 пара, и кои ми стојат одлично, а башка и ме чекаат над 10тина пара фармерки во плакарот, само уше некое килце да симнам.
http://levi.imageg.net/graphics/product ... 30x400.jpg http://www.polyvore.com/cgi/img-thing?. ... d=15284537
Дефинитивно Памелче фармерките се сон .. И секако.. Кој не сака фармерки? Имам негде десетина, но омилени ми се само 4 од нив
имам 6 пара фармерки и најчесто кога купувам гледам да не се иста боја каква што имам и да не се слични.. Имам од најсветла до најтемна,и различни модели. Искинати па и до најјобичните.Сите се со низок струк,и ги носам најмногу на дуксер,маички..на се што одговара..На патики,чизми,балетанки..)
имам доста фармерки, некако најубаво се комбинираат со многу работи, секогаш гледам да се различен дезен,сил,боја...
Абе женички да ве прашам нешто, имам еден пар фармерки нешто како Памелче што постирала во тој стил, значи скинати, али под скинатото има бела постава. Би изгледало ли убаво така гола кожа да се гледа ? Додуша јас тие фармерки ги носам исклучиво летно време пошто не би изгледаат убаво во чизми така скинати. Нормално, прашање е колку се поцепани фармерките, што немам слика од нив да ви покажам, но имајте претстава дека до колената на 2-3 наврати се скинати( значи така купени се, не ги цепав ја, да не дое до заблуда ).
Се соглсувам Јас најчесо сум во фармерчиња. Ги обожавам, светли, темни, црни или тие со некои принтови. (Само не ги сакам тие во боја) А може да се носат преку ден а и на испагање, со патики или штикли. Ги сакам затоа што се приспособливи а и добро стојат
Јас носам само цефка фармерки и во поинаков модел на фармерка неможам да се замислам. Ги имам во поголем број затоа што ми се облека која ја носам секојдневно. Ги комбинирам со се' затоа што ретко има некое парче на облека што не стои со фармерки.
Дечки ве молам кажете ми дали сега на ова фреме мозе да се носи светло крем фармерки,не се прозирни нити тенки само се светли?Топ стојат со чизмички помоооош
ако се подебел материјал...ок е ... се носат зошто да не... само пази со комбинацијата на бои...потемни нека бидат...кафеави нијанси најдобро
Зашто да не, уште може да се комбинира. Имам исти како што опиша ги носам со високи чизми (кафено, црно) и некоја подолга кошула... додуша има милион комбинации. Кремот има потопли нијанси во себе така со топли бои најубаво ќе го искомбинираш... Ма со се бре Носам често фармерки, за на факултет, за искачање, на кафе навака - натака. Порано можев и дома да седам со нив, ама сега недај боже, ќе скренам во тесно цело време. Кoга веќе носам сакам темен џинс, дефинитивно цефка. Во последно време се откажав и од нискиот струк. Многу поубаво ми изгледаат со (малце) повисок струк - добро да не бидат огромни до под ц**ки. По пријатни ми се, покомотни, и поубаво стојат + не ти се отцртува толку стомачето или спојлерчињата ако ги имаш Со све може да се комбинираат, од најлежерна комбинација, до нешто поелегантно.