Имам 10 пара фармерки, ама кога ќе се заљубам во едни само тие ги носам Купувам од секаде, имам и од шутка еден пар, два три пара од Бершка, Страдивариус и од Манго два три пара. Значи има многу разлика од модел до модел и до квалитетот како најбитно нешто. Тие од шутка се од многу грд материјал и ми се шират кога ќе ги износам само еднаш, а како моделче се супер - класика. Од Манго ги начекав на попуст по 1800 денари и си земав два пара, ама едните ги утепав од носење. Материјалот е толку комфорен, ни се тегне ни се познаваат колена одкако ќе клекнеш, мука немаат. Веќе пола година ги носам и не мрднале. На џепчето од внатрешна страна пишува нешто ... „you won`t take them off„ Епа во право се Во Тејли Вејл во Сити Мол има многу добри фармерки, такви слим и во муногу убав светол тексас ама материјалот не ми е по ќеиф некако се многу тенки и растегливи ... Јас сум во потрага по ѕвонарки од темен тексас сега, имаше во Зара ама некако многу скапички ...
Носам . Секогаш носам. Инаку сакам тесни, имам повеќе пара, ама едни ги носам најмногу. Може да се искомбинираат со се, удобни се
Девојки не најдов тема па тика ќе прашам во врска со фармерки : Како да ги искинам/излитам? Сте го правеле ли ова дома? Ќе ми изгледаат ли како купечкине дека ич не ми се даваат толу пари за скинати фармерки ама па ми се свиѓаат совет ?
Фармерки имам 5-6 пара.. Знаам 4 сини, едни сиви, едни бели Другите во боја ми се Обожавам фармерки, имам со низок струк, цефка сакам. Ама за удобно не се чувствувам, сепак ме стегаат. Спојлер Тоа горе го нема, без тоа надолу широки, и долу се со ластик.. Неможев никако да најдам слика Ако ме разбравте какви.. дали се носат такви ?
Па ако ти се свигаат тебе носи си ги мене моделот горе ми се свиѓа само доле на ногавиците би го извадила ластикот тоа ми е некако демоде,ете идеја доле да ги отпуштиш и да си ги носиш а девојки мене ќе ми помогнете ли да искинам фармерки ?
Mислам дека имаше како да се искинат фармерки во темата НАПРАВИ САМ (ГАРДЕРОБА НАЌИТ) ако не се лажам мислам дека таму имаше поставено видео, барај P.S. Обожавам фармерки
Имаше во темата Направи сам.. Неможев да ја најдам сликата... Сепак еве ти видео ако ти помогне http://www.youtube.com/watch?v=Rar4PacOCr4
обожавам фармерки имам сиви,црни,светло сини,темно сини,розеви,и денеска си купив како потокалови така нешто
Ваквите ги обожавам...уф Патем ако знае некој кај има вакви исти фармерки, нека ми пише во ЛП, ако може и со цена. Фала Сон се фармеркиве.........
незнаев каде да прашам, па ајде овде... значи вака: на фармерките се извалкав со масло (не за готвење, туку она црното), незнам како, можеби од столиците на училиште, и сакам да прашам - дали знаете како да го извадам?? барав на гугл ама бидејќи барам на англиски, излегуваат резултати за користење на некои средства што ги нема во мк.. помагајте ве молам, омилените ми се
Пробај со едно средство Арис-одмрснувач (инаку се користи за чистење шпорети и мрсни површини) во сино шише,околу 100 ден би требало да е.
Фармерки најмногу носам и ги имам во сите бои Леле и јас сакам вакви преубавиии се..Ај некој ако знае дали има по Скопјево негде вакви нека пише и ја одамна барам...