Не можам да го замислам животот без фармерки. Имам со висок струк, низок струк, искинати со среден струк (овие исто така и најсветла боја ми се за сега), едно време имав и црни со низок струк, но ми се скинаа, па ги наоравив во шорцеви... Сега планирам бели да купам.
Имам неколку пара фармерки, баш пред една недела си купив црни. Си ги комбинирам со маички, блузи, дуксерици а некогаш и со некоја кошулка. Но сега гледам во мода ги носат оние што се искинати на коленото само, мене тие не ми се свиѓаат, а во градов ги има скоро секој втор. Повеќе ми се свиѓаат повеќе скинати така на повеќе места, него ли само на колената. Но секако секој со свој вкус.
Здраво фемки,сакм да ве прашам дали се носат траперки(ѕвонарки незнам како се викаат) оти има од мајка ми,а и плус многу ми се допаѓаат
девојки како ги носете кратките фармерки над глужд со кратки чизми?ставате одоздола некој хулакопки или сл или голи?
Ако е ладно може перлон (тие што не светат) хулахопки месо боја, а ако не е, не носам. Хулахопки во друга боја или од оние свилените што светат, никогаш.
Носам фармерки со висок струк. Така се навикнав и крај. Највеќе ми се допаѓаат посветли бои на фармерки и такви највеќе имам. Носам и "исцепени" фармерки, ма да на оваа време тешко сега тоа за носење, но за пролет и лето екстра.
Порано секогаш купував фармерки онака пример плави и напред и делови позади како обелени. Во последно време ги обожавам оние еднобојните наједноставните. Штета што има помал избор на таквите.
Обожавам фармерки !!! Омилено модно парче за излегување од дома. Во состојба сум да облечам секакви, кратки, долги, со висок струк, со низок струк, во било која боја и во било кој облик. Во последно време имам мерак по војнички фармерки, искинати фармерки и фармерки со везени детали.
Од каде ви се купени омилените фармерки,какви се и каков квалитет ? Не можм да си најдам саглам се нешто им фали дајте жи предлог. Благодарам
Јас купувам од гтц задоволна сум и има голем избор Продавницата се наога од страната кога влагаш од кај холидеј ин кога ќе влезеш во гтц после неколку дуќанчиња е продавницата од десна страна имат и надвор кукли ,до продавницава мислам дека имаше нешто за кикиритки такви работи.
Помош феминки. Веќе некое време барам вакви фармерки, само да не се тесни во подколениците туку право да паѓаат и да се со повисок струк. https://goo.gl/images/1eYpfk