Ми требаат црни фармерки, по можност skinny, но може и некој поширок модел. Најважна ми е бојата. Каде да барам?
Emanuel jeans во ГТЦ. Имаат секакви модели и бои, башка продавачката ти наоѓа бројчиња, да не се мачиш ти.
Купував од Тејли Вејл, го затворија. Сега земам од Теранова. Поретко од Котон, добро стојат ама лош материјал се овие од котон, брзо ми се излитуваат никакви се прават. Препорака каде има убави фармерки? Имам специфична форма на тело, газот и бутовите ми се големи, сакам висок струк, а долу кај глуждовите да се тесни. Не сакам крути 100% тексас, сакам да се тегнат а сепак да не се тенки ко хеланка, а да ми е удобно да се движам во нив, цената да е до кај 2000. Мразам да шетам од продавница во продавница, да пробувам сто пара и да се разочарувам само. Така да, ако некој знае каде има слични тесни, материјал како тие тејли што ги имаа, а со висок струк и да стојат на подебелка девојка, нека пише.
Не знам какви биле тие во Тејли, но би ти препорачала да ги разгледаш во Pull&Bear. Убав тексас, удобни, има и со висок струк, и убав квалитет.
Манго ми се број 1. Купувам и од Зара зашто ми се свиѓаат моделите, али неспоредлив им е квалитетот со Манго.
Леле темава не е можно да не е активна толку време Кој може да ми помогне како одат величините на Levi’s женските фармерки на Fashion Group? Не умеам да се снајдам јас сум измеѓу 32 и 34 https://www.fashiongroup.com.mk/farmerki/308421-farmerki
Кога ми текне до пред 10 години колку сакав да носам фармерки, сега не дека не сакам, ама не уживам толку и пред се немам најдено добра фармерка со години, она што ќе го носам со години од мерак. Ич не сакам фармерка која и е сезона 6 месеци и после да изгледам како кловн во нив. Сакам класика, кога и да ја облечам да се чувствувам во неа убаво. Имам 2,3 пара кои ми е срам да кажам колку години ги имам а сепак добро изгледаат.