Обожавам фармерки, но мислам дека никогаш не сум погодила таква како што сакам! нозете ми се слабечки и не многу долги и секогаш фармерките ми се долги, а кога ќе ги скратам не стојат како што треба Тоа ужасно ме иритира!!!
Решение: Miss Sixty. Јас се пронајдов во твојот опис. Сите фармерки порано што ги купував ми беа долги долу, само во мис сиксти ми е погодуваат бидејки така им се направени броевите, ќе пробам да објаснам на пример фармерки кои ти се точни во струкот ги имаат во различни должини надолу и можеш да пробаш и да бираш колку долги сакаш. Може ова не е ништи ново, ама јас вака на друго место не сум сретнала, ако земам помал број тесни ќе ми се горе, ако земам поголем, долги надолу....Исто и на taly waijl им ги сакам моделите и си ги носам така набрани долу
Се нервирам кога си купам фармерки и си го погодам бројот. А кога ги облечам еднаш ми се рашируваат и ми се големи, така почесто носам хеланки со туники.
Најмногу си ги сакам цевка фармерките,некако најубави ми се и секогаш си купувам најобични а најодвратни ми се овие вакви не би купила па што сака нека биде,поубаво гола ќе шетам него со вакви
едноставно фармерки обожавам!!! ииако ретко си наоѓам некои кои ств убаво ми стојат пошто сум малку слабичка,ама најмногу ги сакам оние "цевка" посбеном посветлите
Обожавам да носам фармерки. Најудобно се чувствувам во нив. Повеќето ми се од оние "цевка", ги имам посветли, потемни, сиви, црни.
Обожавам фармерки,толку ми се удобни што мислам дека можам и да спијам во нив Сакам најобични,тесни со низок струк,без никакви тракатанци на нив во стандард бои...црни,сиви,крем,тегет,светло плави,маслинести,бели.
Обожавам фармерки најудобно се чуствувам во нив најмногу си сакам оние тесни скроз,цевка,со низок струк не можам да поднесам со висок струк сакам фармерки во било какви бои
па не верувам дека постои некој што не сака фармерки може да се комбинираат со се!!! затоа и ми се омилени
И еве пак се сменила т.е. се свртела модата кај моето омилено парче од гардеробата: Предводниците на стилот на 70-тите се модните куќи како Marc Jacobs, Derek Lam и Gucci кои во своите колекции за пролет лето на модната сцена ги враќаат ѕвонестите фармерки. или: Forget skinny jeans - this season's trend for bell-bottoms hails the return of the Seventies Dark vintage denim, $179