Најмногу од се сакам фасадата на куќата да е бела, друга боја ич не ми се допаѓа незнам зошто, иако денес има многу кои им ставаат фасади во боја . Во врска со градините, сакам да има убавка градина пред куќата со зелена тревичка убаво уредена, секогаш добро искосена , различни видови на цветови и неколку зимзелени дрвца, кои во текот на целата година ќе прават да изгледа убаво. Е сега фонтаните ми се допаѓаат, иако кај нас не се многу чести, сепак мислам дека интересно уредени со поситни деталчиња околу нив на пример камења, тревиче, и со средна големина, знаат да го разубават надворешниот изглед на еден дом
Многу сакам куќа со убаво уреден двор, не мора тоа да биде којзнае што, доволно е малку трева, цвеќе, маса и столици. Мислам дека дворот го остава првиот впечаток и секогаш треба да биде среден. А за фасада секако бела, најубаво ми изгледа
Девојки ај да ставиме слики од нормални куќи кои ни се јани какви се во македонија не живеем во холивуд,па да правиме куќеите да ни изгледаат во вид на чизма и сл......нешто по нормално да може вистински да ни дојде идеа!!!!!!
Фасади најубави ми се белите дефинитивно. Не сакам некој луди бои, комшии едни имаат портокалова фасада бре..ПОРТОКАЛОВА.. Не може да поминеш а да не ти го привлече вниманието, ко огромен портокал на среде пат.
И јас сакав ова да го кажам, отварам да видам фасади, да се просветлам, затоа што ми требаат идеи, и кога што ќе видам ... шеќерни куќички....си викам темава беше фасади, или чудни фасади, или најчудни од бајките фасади....
Еве една македонска куќа Да не речам моја и на мажулето! Сликано е кога сеуште фасадата не е готова па го гледате и скелето.