Мислам дека нема ваква тема. Фаќање очи (или како што некои пософистицирано го викаат фаќање на зарек. Лица од кои се фаќа очи се оние кои кога како мали мајката одлучила веќе да не ги дои, поради плачење, детето кое се било прекинато од цицање повторно почнува да цица. Кога овие лица ќе остарат релативно (над 60 години) требало да се избегнува директен контакт (гледање очи во очи) со ваквите луѓе, бидејќи веднаш штом таков човек ти влезе дома, по помалку од еден час се јавуваат симптоми кај лицата кои стапиле во директен контакт со таквите луѓе како омалаксаност, лошо расположение, инаетење и карање со останатите членови од нивното домаќинство и сл. Инаку, мене како мал баба ми ми има ставано лукче в џеб, со цел ако одам на место кадешто има повеќе луѓе (куќни слави, свадби и сл.) да се заштитам од таквите од кои се "фаќа очи". Што мислите Феминки, дали има вистина во оваа работа или тоа се само народни верувања? Ако и вам ви имаат споменувано вакви нешта, ве поканувам да споделете .
Како мала, имав многу чести главоболки и сите и ја полнеа главата на сиротата моја мајка дека ме фатиле очи. Не лукови во џеб, не око против уроци, среќа што и на бајачки не ме однесоа (лично моме, сите му се загледуваат. ). Потоа се испостави дека имам анемија и дека тоа е главната причина за моите главоболки, ама битен беше моментот како на детето го фатиле очи. Секако дека е народно верување, а тоа дека постојат луѓе со лоша или еве да речам, чудна аура која ти прави да се чувствуваш лошо, нервозно и нерасположено е друга тема на муабет, не ќе да е до случките со доењето.
Oвa нештo кo урoци дoaѓa? Јaс никoгaш не сум верувaл вo вaкви рaбoти, a знaм брaтучедкa ми нa внукa ми гaќите нaoпaку и ги oблекувaше...
Oвa ти се викa урoкливи oчи. И јaс кaкo Кечo не верувaм вo oвa, некaкo глупo е. Пa уште кoгa ќе слушнaм кoментaри oд типoт: "Ни тие не сaкaaт, aмa тaкви oчи имaaт". А кaкви имaaт? Штo се пoрaзлични oд нaшиве? Врвoт е кoгa ќе слушнaм декa и пo бaјaчки oделе. Сериoзнo, глупo ми и е сетo oвa, кaкo и мнoгу други oд типoт декa женa не смеелa дa oди кaј нoвoрoденче кoгa имa менструaцијa, мaјкaтa и бебетo не смееле нaдвoр дa излезaт 40 денa, мaжoт и женaтa не смеaт дa имaaт oднoси пред 40 денa oд пoрaѓaјoт (oсвен oд здрaвствени причини), другo шo имa...чекaјте дa ми текне. Аaa, црнo не смее дa се нoси нa свaдбa, не билo убaвo кao демек и мнoгу други. Врвoт е штo темaвa вo "други" нaуки е стaвенa.
Јас за ова прв пат слушам Толку од мене A инаку, единствено за уроци некако можам да поверувам и поврзаното лошо чувствување, иако не може да се докаже
Јас кога му велам на татко ми се со лукче в џеб порано бркале зошто не чини, тој упорно ме убедва да јадам Инаку за вакво нешто прв пат слушам. Не ни вервам. Знам дека кога брат ми е в село му ставаат однаопаку маицата и гаќите и кога ќе се сети тој одма ги превртва Други работи кај мене дома - не поминват.
Мене мајка ми не ме цицаше како бебе, дали тоа значи дека кога ќе наполнам 60+ не смеам да одам по гости? Инаку, кога правев свадба, некој и кажал на мамица дека заради уроци, требало зетот и невестата да си носат на себе лешниче полно со жива. Кошта 100 денари по златарите и филигранските работилници. Луѓето пари се наполнаа од празни верувања.
лелееее и мајка ми не ме доела во 21 век да верувате во вакви глупости , како факање на очи и да верувате во колнење .... шта речи! Јас верувам во негативна енергија што некои луге влијаат на други луге и сл.
Еден дел се страшни бабини деветини. „Урокливи“ очи не мора да има само некоја баба, туку може да има секој. Емоционалните „вампири“ се оние кои ја влечат енергијата и после комуникација со нив се чувствуваш омалаксано. Разликата помеѓу овие е во тоа што првиве не можеш да ги избегнеш особено ако си подложен на такви влијанија. Вториве можеш да ги избегнеш со избегнување контакт или сведување на контактот на минимум. А ова со цицањето, се големи глупости.
Овие “бабини деветини“ варираат од град до град, кој во што сака во тоа верува. Еве во мојот крај урокливо око имаат оние со сини очи. И тие со сини очи да ги гледаме во патец додека им зборуваме? Еве не знам...
Аиии штета што не спаѓам во групава, инаку на старост ќе растурав по гости одење кај "пријателите". За верување, верувам дека постои некоја друга димензија, сила, нешто што не можеме да го видиме, ама па не верувам во се што се смета за натприродно кај народов. Аман, 21 век сме мајку му, технологии, науки, медицина, чуда... немојте.
(Смајли што се крсти) Оф леле (за кичма се фаќам) мислам шо да пишам ... Верувам само во негативни луѓе, зли , проклети , како сакате речети ги ! Верувам во ширење на негативна енергија од истите (иако има некои несвесни за тоа ) , а знам доста вакви и тоа млади птережно. Со нив гледање ич , дури и случајна сребда , не ги познавам.
За фаќање очи на деца им ги ставаат чорапите наопаку (барем во мојот крај). Дека има луѓе со негативна енергија - има, ама па ова со фаќањево очи ми е некако забегано...