1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Фаќање" очи

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Sweet Justice, 1 април 2016.

  1. Marojo budalO

    Marojo budalO Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Кога одам кај баба ми од кај што е мајка ми секогаш "фаќам очи" глупости :lol:
    Така ми викаше баба ми, оти ретко одам таму и како што растам се менувам и бабите ко баби, зборат леле лично моме, коллу си пораснала вака така пу пу. ќе ме испоплукаа.. И едно време баба ми ми велеше бегај од нив те урочуваат не знам шо ти прават.. А дека кога ќе отидам таму и ден денес првиот ден глава ме боли, да.. Ама тоа е од промена на клима :D
    А за тоа дека имало врска со цицањето прв пат слушам, ако е за така и јас само нецел месец сум цицала па што.. Луѓето кои ги гледам в очи ги урочувам?!? Боже (facepalm)
    Дечко ми ќе беше вечито болен ако е така :rofl::rofl:
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.571
    Пол:
    Женски
    Некои теми во категоријава стварно служат за да се разочараш во интелигенцијата во 21 век... (facepalm)
    Ај некако и да сфатиш луѓе цврсто да веруваат и да се потпираат на влијанието на астрологија и хороскопи во животот, ама млади луѓе бе сериозно да веруваат у вакви бабини деветини во ерава на технологија?
    Сериозно ли?
     
    На Matotheja, theowndemon, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    и јас сум опкружена со такви луѓе, најпресно пред еден час се јави золвами на скајп и почна старава да кажува како син ми не се симнува од кај мене од раце а пред тоа одел по маси фаќал се а сега не сакал седел само кај мене во скут(кој патем има 11 месеци) и почна золвами а можеби има зарек ама па вие не верувате во тоа на сметка на мене и затоа несе спуштал и не сакал да прооди.
    а пред неколку дена старава ми вика донеси ја солта кему направам со сол и ке ја фрлам во оган па кој го видел ке му пукнеле очите незнам дали да се смеам на умовите или да плача
     
  4. Marojo budalO

    Marojo budalO Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Боже господе, аа бе има секакви.. Ја не знам толку завампирени луѓево бре мајката во што не веруваат.. Ај за бабите некако можам да разберам ама млада жена. Леле бе :@
    Ти не грижи се, си го знаеш детето и терај си со него како што мислиш дека за него е најдобро. Вакви муабети не вреди да фаќаш на ум :);)
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Немој да се лутиш, ама умрев од смеење :D
     
    На Petra777, Bozica1980, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не се лутам, сега и сама си се смеам, може да се сфати и во поинаква смисла.
    Мислев, не ми даваше да цицам, немаше млеко. :rofl::rofl::rofl:
    Сигурно ја урочил некој.
     
    На Marojo budalO, Bozica1980 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Разбрав и од прва де, ама многу смешно реченицата склопена :)
    Иначе ни мене мајка ми не ме цицала како бебе :rofl::rofl::rofl:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    ^ мене ме цицала, значи безбедно е околу мене :)
     
    На Bozica1980, Lella, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Јас сум слушнала за урокливи очи.Мислам ова дека останале недоени ова она, не верувам во такви работи, ама верувам колку и да звучи банално дека може да те урочат.Како ептен малечка ни дошол некој гостин кој почнал да ме фали да вика леле ова леле она... И си отишол, веднаш после тоа (навечер било) сум качила температура и сум била како во некој полусон, сум превртувла очи и сум зборела неповрзано како ни будна ни заспиена , со часови така не можела мајка ми да ме смири, се така неповрзано, несвесна за околината.И имаше една баба кај нас на улицата Баба Ката, Бог да ја прости , никогаш нема да ја заборавам, колку пати ни има излезено во пресрет.Мајка ми од немај каде рано во 4-5 сабајле срам не срам , ме однела кај неа да ми бае.Жената почнала да ја кара зошто одма не дошла зошто низ својот живот била сведок на деца кои умирале од јаки уроци.Мајка ми вели "Tи пребаја и како таму да остана" сум изглегла од таму освестена и за многу брзо и температурата сум ја симнала.

    Баба Ката ми баеше повеќе пати после тоа( не често, но се случувало), на некои од нив се сеќавам и поголема имам одено, да ми кажуваше некој немаше да верувам, ама ова од искуство го зборувам.Долги години од време на време одев да ја посетувам, во знак на благодарност, со својот дар на многу луѓе имаше помогнато.
     
    На martovsko cveke и lunicka им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Ти си цицната :devil:
     
    На crimson, Ketchup, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    верувам во фаќање очи или " зарек " . Има некои луѓе со такви очи кои што кога ќе те погледнат фаќаш зарек. Такви се луѓето
     
  12. Sweet Justice

    Sweet Justice Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    И јас не верувам лично, и посебно уште ми се смее кога една постара жена ми рече не гледај го
    Не е дека тие кои не цицале од нив се фаќа очи, туку постарите велат дека очи се фаќало од како што велeше една баба од село „расцицани“ (луѓе кои кога нивната мајка дала збор дека повеќе нема да ги цица, но поради плачење на бебето повторно мајките ги вратиле на доење. И јас лично не верувам во вакви работи, ама факт е дека кога младите мајки денес кои ги цицаат своите новороденчиња, кога ќе речат од утре не му давам да цица, во никој случај нема да ги вратат пак на доење.
     
    На Marojo budalO му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    И јaс немaм гaјле. Дo две гoдини ме дoелa мaјкa ми. Ни бaби, ни синooки, ни немaжени, мa никoј ништo не ми мoже... 8) :rofl:
     
    На theowndemon, crimson и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Леле какви зборови научив . Расцицани ниедни!!
     
    На theowndemon, Bozica1980 и Ketchup им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    А животните "фаќаат ли очи" :wasntme:, за мене прашувам, не за другарка! :D
     
    На Bozica1980, Ketchup и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Од мачките, особено(fingers) :D
    Јас,по зборењето на мајка ми, не сум цицала млеко:wasntme: од неа.. пази се, ни на слика не ме гледај право в очи. ]:)
     
    На theowndemon, Bozica1980, Marojo budalO и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Зависи дали намерно не го цицала мајката младенчето, или не можело на ред да стигне од другите младенчиња.
    На пример моево куче не го цицаше мајка му оти ги цицаше другите џукчиња појќе. Затоа сега редовно ми фаќа очи, ма и по некој чорап а и папуча знае да фати. Посебно ако му речам на место да си иде. Тогаш каков поглед испод обрва ми дава... Дајте бе некој да му забае!
    Значи ти намерно ваква оџагорена слика...
     
    На Bozica1980, zhap4e и Ketchup им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Guilty! :tmi:
     
    На CameliaMiller и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Ох, животе мачешки :D
     
    На CameliaMiller и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Успешно и долгогодишно искуство во „фрлање очи/зарек“ на вашите непријатели. Цена по договор.
    Бонус: Отпорна сум на лук, јадам секој ден.

    Се шалам, ништо злонамерно, интересно ми е верувањево па се нашалив, да не ме сфатите погрешно. Јас верувам дека зрачиме со сила со секоја наша мисла и постапка. Кога мислите и делата ни се лоши и силата која ја ослободуваме од себе е негативна. И нормално дека порано или подоцна ќе донесе поголеми или помали консеквенци. Во тоа верувам, но не верувам во вакви работи, уроци, зареци и сл.
     
    На theowndemon и Marojo budalO им се допаѓа ова.