Sense of humor is my middle name bi*ch Без хумор неможам да живеам...Употребуван во секоја можна прилика, често саркастичен и ироничен, кога другата особа не знае да прими "комплимент", ќе се шалам на моја сметка....Не е проблем да се шали некој на моја сметка, ама кога ќе го фатам после да не се љути ... Сакаш да реметиш, епа ќе трпиш ремет....това ти е братче - чорба
Епа често знам да се нашалам на туѓа сметка, ама не се лутам ни кога мене ми фаќаат сеир. Нормално, да не се претера. Личност сум која знае што е шега, која е спремна да се измајтапи сама со себе, така што не се лутам и мразам кога сите се зезаме, а некој се лути ако се нашалиме на негова сметка...
И јас понекогаш сакам да фаќам сеири, да се зафркавам на туѓа сметка ама не за физички недостатоци. Да бидам искрена, имам коментирано и за физички изглед, ама ако е тоа последица на некој начин од нејзиниот/неговиот памет. И женско ко женско, во друшто знаеме да кометираме за нечиј стил, исто за сери ама не сум горда на ова, не ме карајте Исто и на моја сметка прифаќам, не се лутам и ако некој претереа ама лично за мене (а не фамилија и блиски). Сепак да се има осет и да биде во граници на нормала Еднаш еден тип, првамеме муабет за некој италијански град и типов се избацува со реченицата "а јас незнам, не сум бил во франција" и тука имаше паѓање во несвест и нормално ремет, признавам дека цел муабет после го реметев и овој се изнервира па почна да враќа со ниски удари од типот на "мајка ти ваква- таква", па да не вреѓа сите околу физички изглед "голема нос има, мала глава, трепките ти се кратки бла бла"....е вакво шалење не признавам. Сепак да биде на некое ниво Ако лупаш глупости, прифани критика, ако не- трај си
Епа дечкото може не бил во Франција де... Јас да бев на твое место ќе му речев да го однесам во италијанскиот град во Франција. Аман бе, па што имал тој географија? И ај не шали се за вакви работи...немал право да се лути... Многу мразам такви, ем се тапи, ем се лутат...
Секогаш си се мајтапам со другите и на моја сметка дури . И не се нервирам толку додека некој врши мајтап на моја сметка,но ако претера и јас елегантно и пристојно враќам со зафарканција која всушност и дупло враќа така не си ги валкам рацеве,а враќам.
Ја сметам дека ијам смисла за хумор.. Знам да се нашалам и на своја сметка, и на некоја друга сметка. Некоаш дури и малце преминувам, малце се каам, али не ми замеруваат мн. Така да и ме заеб. и ги заеб.
Имам смисла за хумор само коа ми е ок денот.Сакам да се смеам да се зафркавам да факам сеири па и некогаш да се насмеам на моја сметка не ми пречи.
Мислам дека имам смисла за хумор, и често знам да ги насмеам, да ги расположам оние со кои сум во друштво, едноставно сакам да се чувствуваат пријатно кога се со мене. Секако и јас си имам моменти кога не сум расположена и не ми е дојдено до смеење. Често си фаќам и сеир, иронична сум и дури има и ситуации кога несакајќи го навредувам соговорникот со тоа, па после се каам. Настојувам да не претерам. Инаку не ми е проблем да се нашалам и на моја сметка.
имам смисла за хумор и вакви сме цело друштво и неможеме да го преживееме денот ако не се насмееме много ми е интересно кога сум со друштвото значи од ни нешто знаеме да си ја направиме интересна и да се смееме цело време (се смееме и на своја сметка)
Најчесто се мајтапам на сопствена сметка ! Искористувам мои грешки, недостатоци, интересни случки за да се насмееме со друштвото! Е сега, најчесто бирам пред кое друштво ќе правам шеги на моја сметка, секако дека не се опуштам дотолку пред било кој! Пред колешките од работа и пред другарките можам да направам било каква шега и секогаш кога сум во нивно друштво паѓа голем сеир! Поретко се мајтапам со други луѓе! Треба ептен да ми е блисок и да го познавам како карактер за да се позафркавам на негова сметка! Но затоа имам една колешка која многу добро прифаќа мајтап па денот ми мине брзо кога малце на нејзина па малце и на моја сметка тераме сеир!
Ја само чекам некој да згреши нешто, да каже некој кикс и да му се фрлам одма со смеење Добро во граница на нормалата и до граница кога на сите ни е смешно па дури и на дотичната особа Знам да прифатам шега и смеење на моја сметка, не се лутам за такви работи. Признавам ако сум згрешила и е за смеење работата и самата си фаќам сеири и шали Мислам дека не треба толку трагично и сериозно да се сфаќаат овие шали и мајтапења, ама ај не се сите несериозни како мене
Не памтам кога последена пат сме биле сериозни во друштво, и не знам дали воопшто некогаш сме биле. Толку сме си поврзани сите еден со друг, што веќе ни е и нормално да се шалиме мајтапиме и се со ред. Место чао, кај нас има мрш, сиктер, ајт.....Значи буквално се си кажува, и се разбира никој не е навреден....И бидејќи целото друштво ни е испреплетено....има за што да се зезаме...До сега ги зезав и јас..е сега тие мене...бидејки дечко ми е од друштвото...па сме главна тема овие денови...
Оо да фаќам сеир (а кој не), се мајтапам ама се со граница. Сакам да се мајтапам на туѓа сметка ама затоа и мнооооогу често се мајтапам и на моја. Ги мразам вечните сеирџии, што ништо не им бега и одма се тресе зелени заради тоа и луѓе што се мајтапат на туѓа сметка премногу а на своја никогаш, па и се лутат ако некој ги зафркава. Ама па и оние кои никогаш не се зафркаваат и се прават дека не фаќаат сеир не ги сакам во друштво
Смисол за хумор имам. Прифаќам шала меѓутоа не одам надвор од граници на нормала. Сепак имам обзир, и исто како што јас пазам до каде навлегувам сакам истото и кон мене да е. Се мајтапам и фаќам сеир од време на време, така...кога има за што. А секогаш се наоѓа нешто.
Фаќам сеир и се мајтапам но при тоа пазам да не навредам некого туку само да си остане така...на шала.
Обично сте оние кои ги зафркаваат или вие зафркавате ? Не сакам да се зафркавам, да се смеам на некого, ама кога сме со другарки има фаќање сеир на велико. Не сум истакната со измејување, вака групно може. Прифаќате ли шега на ваша сметка, и како реагирате ? Прифаќам шала во одредена граница, како со мене некој се шали, така и јас со него.
Прифаќам шеги на моја сметка. И јас понекогаш правам шеги на туѓа сметка (но секако тоа се шеги со кои никого не навредувам) Се во границите на нормалата,од двете страни
Знам да се шегувам, и прифаќам шега на моја сметка! Имам смисла за хумор, и честопати сум иронична. Битно е да се насмееме, но не треба да се заборави дека се си има своја граница, па така и шегата!
Фаќање сеири, шалење, мајтапење... нешта што стварно ме нервираат. Ај ако не совршени ќе си играме и кој ќе згреши ќе му фаќаме сеир. Сељачка работа.