Не со секој можам да се шегувам. Има личности кои пре озбилно го сфаќаат тоа и одма се лутат. За мене тие се намќори. Затоа се мајтапам со некој кој го знам подобро и не ќе треба на секој збор да му велам: Се шалам/шегувам. Си се претставувам како шеговит човек. Треба само да ми ја погодите темата и нема да престанам. Се шегувам на сечија сметка. Со овие намќориве се шегувам повеќе на моја сметка и има повторно некои недоразбирања и на крај испаѓа дека со нив само формален разговор. Да, шефе. :geek:
Е сега од шала до шала има разлика.Затоа што лесно може да премине во навреда,зависи кои како ќе си сфати. Јас лично не сакам некој да се шали на моја сметка,но исто така не може и се озбилни да бидеме.Така да умерено шалење е во ред но да не ја премине границата на добриот вкус .
Mногу се шалам и на моја и на туѓа сметка и допуштам да се шалат со мене нормално во границите на нормалата
Се шалам и на моја сметка ама со граница. На туѓа сметка многу ретко и исклучиво ако сум блиска со таа личност. Зошто мото ми е: Не му го прави на другиот она што не сакаш тебе да ти го прават"
У такво друштво сум,се шалам,се мајтапам,се зезам,на моја и на туѓа сметка,како јас така и другите околу мене и знаеме дека не е ништо сериозно. Другите малку потешко го прифаќаат мојот хумор,затоа углавно не го изложувам ма некого што не го познавам подолго време.
Најчесто ова оди преку саркастични коментари и нормално дека не можеш да го правиш со секој. Некој сарказмот го сфаќа сериозно, а некој па не ни разбира што е фората со сарказмот. Во последно време заедно со друштвото ги реметиме бубалиците од новиот клас, од кои едната е и луда по ВМРО, па и пееме врмровски песнички и и ставаме лајкови на статусите од типот "ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И ВРМО<3" или на слики у купачи со сто кила сало, а во дескрипшн иде песната "Sexy and I know it".
... но на чија сметка? Па сакам да се шалам и на моја и на туѓа сметка, меѓутоа во границите на нормалата, никогаш претерување. И зафркавам и ме зафркаваат, знам да сфатам шала, меѓутоа шала, а не некаков коментар за да се изнервираш. Така да, секогаш кога ќе дојде до такво нешто, одма избувнувам и се нервирам (иако сметам дека не би требало...), имам смисла за хумор и доста се шалам. Не сакам невкусни шеги и глупи коментари кои би требало да личат на шала.
Да, но се што е во границите на нормалата.Несакам никогаш некого да повредам,навредам...од играчка плачка да испадне.
Кај ќе ми е забавата ако поставам граници? Фаќам сеир на се’ што мрда и што делува сеирџиско. Освен дубоко увреџени фаци оперирани од смисла за хумор и сарказам, друг не нашол забелешка. Какво друштво имав, ако не се отеравме кај што не треба од навреди и пукање сеир секој ден, па ние не бевме живи, тоа ни беше знак дека нешто не штима. Немавме никаки граници, се’ додека беа само на лична сметка. Оние со мајка ти, мешање фамилија и физички изглед не се ни интересни, и ако некој си мисли дека тоа е најјаката смисла за хумор што ја поседува, нека размисли пак. Иако знаевме да си упатиме комплименти од типот: Што си се нашминкала ко Припорска проститутка?/Бре, што убаво си се упицал за на геј парада/Супер се имаш средено, уште на сред нива ни остана да те поставиме, и слични глупави забелешки, ама шала е бре! И никој не се лутеше. Подобро нека ми плеснат што сакаат во лице, макар и уз шала, отколку позади грб. Со најблиските се шалам без граница, и на своја, и на нивна сметка. Демек јас пак најјаката, најпаметната, најубавата, без маана, па никој не смее да се мајтапи на моја сметка.
Ехее станува ли збор за хумор неам зборови.Абе не дека не се шалам и јас на друга сметка ама не некого да исмејувам или незнам сешто таму туку знам за граница еднаш ќе се нашалам и толку е.А на моја сметка се разбира дека прифаќам.И тоа секогаш кога ќе ми кажат на моја сметка нешто јас тоа го потврдувам и кажувам уште нешто дупло за мене не им се лутам пошо ако им се лутам тие бетер ќе ме закачаат.
На сечија повеке сакам на друга отколку на моја Најчесто с еоние секојдневните домашните и оние од друштвото. Секако дека прифакам . Дали имам смисла и тоа голема.
Jaс обично сакам многу да заебавам некој ама кога ме заебаваат се нервирам , иако знам да вратам , така најубаво се осеќам кога некој ке почне да ме заебава и ке го укопам у земја пред сите да му се смеат ххАХ
Секогаш дипломатски знам да зафркавам НО и да бидам суров се разбира зависно од ситуацијата и личноста.Тоа сепак е само шала и ништо повеќе.Мене ми пречат луѓе кој во нивната шала сакаат да кажат нешто друго а очигледно се трудат да биде шала со порака п.с Точно ли е она секоја шала пола вистина ?
Шали на моја смета прифаќам се што е во нормала и не ме нервираат единствено не поднесувам шала во случај некој да се шали на моја смета а кога ќе дојде редот јас да се нашала на негова сметка се лути па така ако оприметам кај некои луѓе им кажувам отворено во лице дека се заникаде
Понекогаш се прашувам што би било, како би реагирала и како би се чувствувала ако некој се мајтапи на оној начин како јас со него. Не претерувам, внимавам да не повредам нечии чувства, всушност ужасно ми е кога на некој навредите му се еднакви на шала. Прифаќам и шала на моја сметка, но кога не е претерана, како што пишав, до степен на навреда. Често се случува и да се налутам на нечија шала и од расположена одеднаш во еден миг да се намуртам. Човек навистина не може да знае што може да ми засмета.
Се шегувам на туѓа сметка, а се шегуваат и на моја сметка. Во ред е се додека не се преминуваат границите на нормалата.
Сакам кога се шегувам со луѓе кои шегите ги сфаќаат буквално и лично. Не ми е проблем да примам шеги на своја сметка, обично и се шегувам на своја сметка, воопшто ама баш воопшто не ми смета.
Имам смисла за хумор, знам да се шала и прифаќам шала, но само вкусна и умерена. Не дозволувам да се излегува надвор од границите.
Јас не можам да поднесам особи кои сѐ сфаќаат сериозно. Со такви особи два реда муабет ќе направам и тоа е тоа, после не ми текнува што да кажам. Едноставно не сум со нив на иста фреквенција. Е сеа ко ќе ми се погоди особа што го сфаќа мојот хумор,а и јас неговиот можеме да правиме муабет со саати. Знам да се шегувам и на моја сметка,а и на туѓа се додека тоа не преминува во навреда или некоја клевета.