Малата ми е 13 месеци. Пред 4 дена крена тт 40.5. Ја истуширав, чепче ставив и отидов на педијатар. Бидејќи беше недела неработен ден отидов на детско одделение. Ја прегледа и рече црвено грло даде панцев 5 мг на ден, да пие 5 дена, крвна слика во ред, урината нешто не беше добра. За температура ако има чепче да и ставам рече. И давам сируп 3 дена дете е полошо, почна да кашла и носот и се затна од секрет неможеше да спие. Ја однесов на одделение и викам дајте чаре нешто друго со сируп не ја бива. Температура не мерев деновиве ама ако имаше сила до 38. Не жежеше, весела беше. И мерија температура 37.7. Двајца педијатри и уклучија лендацин и малата како што плачече, не сакаше да ја прима инф, почна од носот шлајм да излегува и од устата како пена се направи. Девојчето почна да се бори за воздух, се тресеше и посина, се здрви како мртво. Јас почнав да викам се здрви, се здрви ( до мене стоеше праксикантка таа не изреагира се стаписа). За право веднаш докторот дојде ја сврти на страна,и го фати јазикот, и ставија дијазепам венски како што веќе примаше инф. Се врати од мртвите. Поглед празен, и викам не реагират. Само трепкаше со очињата и не гледаше ни лево ни десно, како глува. Така после 5 до 10 минути почна да реагира. Не задржаа на одделение 24 часа за случајно да не се повторст грчевите. За среќа во ред беше. Сега за дома порачав дијазепам чепчиња и морам да ги имзм за недај боже. Така мене ми се случи, Господ здравје да дават на сите. Жената што беше со мене во соба детето имало во јануар еден напад. И сега подле 5 месеци кренало дома температура и добило грчеви. Таа му го извадила јазикот и му ставила чепче дијаздпам. Кога го донела на болница имало и втор напад за 2 часа после првиот. ...
Eve i jas da pisam vo najteskata tema. Mojaya anja imase febrilni konvulzio vcera, temp od 38 na 39,1 vo rok od nekolku minutki. Slikata e strasna, ne sakam da pisuvam za toa. Prasanjeto mi e, od kade nabavuvate dijazepam cepcinja ?
Se stavaat pri napad, odma deluvaat da…. Ne daj boze nikoj da ne dozivee vakvo nesto, slika sto nikogas nema da se zaboravi i moment koga cel zivot na deteto ti se pojavuva pred oci
Има во аптека во Прилеп, ако не можеш да се снајдеш пиши ми лп, ќе ти испратам. Со помин, најстрашното нешто што на никој не посакувам да му се случи. Глетката е страшна, ама мора да бидеме силни.
Вчера имаше напад малата. 1 година и 4месеци е стара. 37.8 температура. Веднаш и ставив чепче и се врати. Сега сме на одделение 24 часа. Во ред е засега. Ми рекоа докториве бидејќи се случува втор пат ( првиот пред 3 месеци) ќе треба да направам испитување некое на мозокот. Се правело кај нас Систина околу 200 евра и на клиника исто така но долг бил редот на чекање. Инаку јас од Албанија имам набавено и тешко се снајдов за имплементација. Требаше да го извадам капачето и после да истиснувам. А овде на нет најдов едни што изгледаат исто како тие за температура ефералганот. Кажи ми какви има во Прилеп, како изгледаат?
@lilo Исти се како овие обичните за температура или ако знаеш какви беа старите нашите чепчиња Диазепам. Во поглед на снимање, би те соверувала да отидеш и на второ мислење, ако имате можност и во приватна клиника. И на син ми два пати во една година му се случи. Со помин и да не се повтори.
Вива Фарм 2005. Не знам дали сте од прилеп, од Алфа слаткарница кај Марко Цепенков се оди према училиштето Климент Охридски. По таа едносмерна уличка што е од лева страна е аптеката.
Син ми 5 год нагло качи температура, тешко дишеше и шкрбаше со забите како да бладам нешто а забите му чкрипење, измерив температура 38.9 дадов далерон 8.5 мл дали се тоа фебрилни грчеви да го носам ли на ургентен?