Дете ај со тоа пченката, смоките, ресаната, тостот и кафето деф фати не ја полни темата со глупости. Зарем уште не сфати што се постира овде А!
Смоки и ресана немам објавено, пченката јас ја сварив и затоа ја објавив. Не се воопшто глупости, ако ти пречат твој проблем.
Спојлер: Рецепт Кажи ми рецепт за пченката те молам, како да ја насадам, ископам и пораснам па да ја сварам.Ај оди учи од Вторник на училиште сте.
Доколку баш те интересира, можам и тоа да ти го објаснам, од мојата нива е. Училиште одамна завршив јас, дипломирав доколку баш те интересира. И ако сум дете за тебе, не знам зошто се расправаш со деца.
Не е поентата дали ни се допаѓа или не. Муабетот е дека не му е местото во темава. Тоа ти е исто како да ставиш краставица од твојата нива.
А вас изгледа многу ви е досадно, па си коментирате упорно. Барем ви најдов занимација, мило ми е. Можеби не му е местото тука, но и вас муабетите не ви се на место.
Ајде бре секоја тема у кавга ја претварате.Фемина инстаграм..кој користи инстаграм знае дека таму се ставаат слики и од грицки,скара па до свежо овошје и зеленчук.Пченката е храна нај на крај не е пенкало.И онака барање рецепт овде за било што е оф топик.
@barbiegirl.24 За да не те опоменуваат по темата подобро не ставај постови едноподруго или нешто ако си зготвила пробај да го издекорираш, така поубаво да го средиш, да не изгледа само така сликано ради-реда.Еве на пример, рибата што ја постави сега, си можела да ја сервираш заедно со пченката и ливче некое, ако немаш друго при рака.Не е поентата само да залепете слика во темава, треба и естетски да изгледа убаво.Никој не ти кажа ништо лошо, не го сфаќај така, туку беше опомена за да знаеш за друг пат.Ова ти е најдобронамерен совет.