Сликава е од кај другарка, ми дозволи да ја ставам. Најмногу ја ставам за да послужи како идеа за декорација и идеа за служење фини мезиња ко на шведска маса за кои не е потребен посебен прибор зајадење. Ако нешто посебно ве интересира што е слободно обратете ми се по лп, нема да ми биде тешко да одговорам.
Dinner for four! Почнуваме со свежа салата од сецкана зелка, морков и прокељ (малите зелки, ако сум грешка за името извинете и поправете ме да си знам ). Похован прокељ (со брашно и јајца). Салата со урда, павлака, краставички и потпржен сусам со маслиново масло. Печени пилешки копани со компир, морков, зачин и маслиново масло. Ова ми го спрема мајка ми, пошто ич незнам месени, сукани баници и слични лиснати работи да правам, па незнам точно како го направила, лиснато со урда беше. И homemade ролат и вафли со слатко од јагоди. Слаткото е направено летото од мајка ми, вафлите се купечки а ролатот го испечи мајка ми, јас го намачкав и го завиткав и нормално јас и моите гости го изедовме!
Доручек од мајка ми, мекици со стасана урда (ја правиме во тегли со пиперки) и ајвар. Јас одма за првите се фатив, а другите излегоа поголеми како крофни шупливи.
Алва е од гриз ама ставана во вакви калапчиња. Рецептот го имам напишано во соодветната тема ама ако сакаш ќе ти го пишам пак во лп.