Вљубени колачиња . Денес малку си играв со тестото од колачињата. Па машна за едниот, па панделче за неа, па карминче, уште трепки не и ставив за да му биде поубава .
Совршенство! Мимс, ќе те молам за инфо кај ги најде њоките, цело Скопје сум го свртила и не сум нашла..
Сама ги правев, најдов рецепта во темата за тестенини. Се прават од варен испасиран компир, јајце и брашно. Од смесата се формираат малечки њоки кои потоа се варат многу кратко време 1-2 минути (сами испливуваат на површина кога се готови) и после ги печев во тава со шунка, печурки, кашкавал, томатело и зачини.
@mims-89 , фала! Баш се порадував дека ипак имало некаде, ама ништо. Нема бегање од домакинлук, излеа ке треба да спрегнам ракави и да пробам да направам. Фала уште еднаш. Добра ноќ п.с. на остали им се извинувам за оф топикот.
Спојлер: Во подготовка Погачка со еурокрем Спојлер: Пред печење Спојлер: после печење Вчера ја правев. После долго време засукав ракави и се фрлив на работа.
Американски палачинки со брашно од хељда, јаворов сируп и банани. Ептен вкусни и здрави... пред да ги зашљакам со нутела.