Компир потпечен со рузмарин, сусам и бело вино и гарнир свежи печурки, брокули, пченка, боранија,магдонос и црвен грав, со вино и зачини. Салата од ротква, малку морков, јаболко, лимонов сок, и зачини. И десерт удавен во вишни. Мојата моментална опсесија. Поим немам како да го крстам, пржев едно тесто како мини кофнички испаднаа и го потопив од сите страни со крем од замрзнати вишни и ванила што исто го направив додека крчкаше ручеков . Светло ужасно ама тоа е тоа. Битно превкусно беше.
Ако ти фаќа, повели на кафе. Ќе спремам и нешто друго Патем, вчера за ручек карбонара.. Не е моја оваа чинија, мојата имаше еден тон пармезан. Раце ми паднаа додека го изрендав
Мајонез салата. Занемарете го дупчево на чинијата, станав на лева нога утрово, а очигледно и чинијата..
Nema vrska dupceto kolku sto ima vrska salatava sto ti e odlicna I na izgled I sigurno I vkusot e neodoliv ,za luge kako mene sto jadat vakvi salati cela bi ja izela pa posle ....zdravje hhh. Izvini od mob sum.
Да потрошам тоа што ми остана од завчера. Шпагети со модифициран бешамел сос, брокули, печурки, пармезан, оригано, сол, многу бибер и ким во прав Овој пат и светлото ми се погоди