Во стилот на healthy food (јајце,спанаќ и малце карфиол,1 тортељина со крставички) Мое дело хаха Се извинувам за НЕ квалитетот на сликата...
Ве замолувам да не ја полните темава со непотребни оф-топици. Едно е правилото, да е домашно приготвено јадење, нема потреба од други критики. Ако ви се допаѓа сликата ставете лајк, ако ви смета што чинијата не била како што треба не ставајте лајк и завршена работа.
Салата со кисело млеко, маслинки, варени компири, кромид, сенф, бибер, вегета, буковец и 1 тенко парче салама. Првпат ја правам, баш вкусно излезе.
Утре му е на дечко ми роденден и сакав да му направам црвена торта -.- демек љубовна ама нашите прехрамбени бои толку се квалитетни и тортата излезе баш розева. Планирам да ја декорирам уште со неколку срциња ама утре тоаа... Спојлер: Вистинската бојаааа
Пастрмајлија . Не бев многу задоволна од исходот, ама се изеде. Нареден пат ќе ја усовршиме. Од грешките се учи .