Леле..кој ѓавол ме тераше да отворам на темава..сега стомакот ми се превртува за јадење ..шала на страна..се е преубаво..алал да ви е девојки
Абе нема како мене. Ќе си правев денес домашен сладолед со белки од јајца и овошје, ама не ми се миксираја како што треба белките и ги искористив за кекс во микробранова. Без мера го правев, одприлика му ставив шеќер, малце пченкарно брашно, малце бело, масло, ванила и малце кафе. Префкусен беше.
Не ми се смејте на декорацијата, ќе ве молам. Салата со краставици, домат и пржени тиквички. Салата со краставици, домати, јајца, варени виршли, урда... ма не знам ни ја, што ми се најде при рака. Бучкуруш.