Од млекото кое остана од малечкото, па да се употреби. Познато како dulce de leche или по наше - домашен карамел . Можам да кажам дека е превкусно. Веќе неколку пати го правам и секогаш сум изненадена од неговиот богат вкус. Навистина бара труд и работа (со оглед на фактот што се прави најмалку 2,5 часа), ама трудот се исплаќа. Идеален намаз за на леб или пак за премаз на трилече .