Целото ми е меко само горната коричка е тврда ептен, на врвот, го правам според рецепт и печам точно како што пишува, поупатените да ми кажат каде грешам? Може не треба со вентилатор опција да го печам?
Стави еден мал сад со зовриена вода на дното од рерната, и така печи. Ќе направи пареа во рерната и коричката ќе е ептен крцкава, а не тврда. Или печи ко што си го печеш, само на пониско ниво во рерната. Откако ќе го извадиш попрскај го со ладна вода, малку. И така ќе крцка, а нема да е тврдо.
Кога ке го извадиш од рерна стави врз него влажна крпа,и покриј го со плус уште една сува. Влажната крпа да стои едно 15 минути и тргни ја.
@LivingGlam и Англав и двете работи ги направив и пак не помогна, мислам дека не треба да печам до вентилатор, ќе пробам нареден пат и пониско во рерната па да видам. Фала.
Имаш железно тенџере (dutch oven)? Со затворен капак да го печеш, преубав ќе биде лебот. Се прави онаква крцкава коричка на тој начин.