Пак правев мафини со банана и чоколадо, само сега малку поголеми...и наместо чоколадо за кување ставив милка.
Колачов се вика КОКОС ФАНТАЗИЈА. ...и навистина е фантазија. Правен е по овој рецепт, за 20 минути е готово. https://moirecepti.mk/post/кокос-фантазија-2 Немав помало тавче, ми излезе по тенко од сликата. Препорачувам како летен десерт.
Мајка ми ги имаше минатата недела правено и стварно интересно, посебно тој долниот дел многу ми се бендиса
После долго време напрајв кори(другио дел од мк ги викате јуфки)со 4 јајца, вегета,оригано, пченкарно брашно, кечап.
Мезе за филмски маратон. Бело вино се лади во фрижидер, оти не ми текнува пиво да купам. Инаку, во гвакамолето има и кромитче и патлиџанче, ситносецкани, ама така го замазнив што личи на пасирано авокадо.