Ништо специјално ни изузетно комплицирано, ама лесно, здраво и вкусно. И најбитно, сам свој мајстор. П.с под јајцето е авокадо.
Кога порано имавме вишна во двор, мајка ми редовно го правеше овој колач. Сега одамна го немавме направено, па јас си купив вишни и ги засукав ракавите Идејата за комбинација со сладолед ја видов на еден кулинарски блог и многу е поосвежително вака
На денешно мени: интегрални тестенини со варена брокула и тиквички, свежа марула и зелени маслинк, зачинето со балсамико оцет, црн пипер и оригано. Кој е вашиот избор?
Пролетна салата: варени шампињони со краставица, свежо цвекло и маслинки, зачинето со црвен и црн пипер и балсамико
Интегрален ориз како за првпат не излезе лошо но доколку некој од вас го користи да ме просветли како го приготвува.