Лутенка и кашкавалче Ќифлиња-стапчиња со ким Ванилици со чоколадо (наместо шеќер во прав) Алва Баклава со ореви и чоколадо Капучино со шлаг и чоколаден прелив Иии нешто што најмногу на цел свет го обожавам - руска салатааааа
Мус од чоколадо и ванила . По истиот рецепт како претходниот, само што му ставив во едниот дел црно чоколадо.
Канапеи и мали сендвичиња. Зелените со спанаќ, жолтеникавите со морков и другите со интегрално брашно .
Повели мила @Hipster, повели . Повелете и сите други кои ви се поткаснува малку . Прибидејќи сум малку на режим на исхрана, тамам ќе ми помогнете и ќе ме спасите од маките . Ако ми верувате, мене ми се преку глава од што ги правам доста често . п.с. Да бев малку поблиску во Скопје да речеме (бидејќи повеќето сте од таму) ќе ви организирав една забава или некој Фемина кетеринг. Ама вака, изгледа ќе ви завиткувам за по дома, па ќе ви испраќам или по брза пошта или по автобуси (ако не ви ja изеде возачот пратката по пат ). Ај да не одам офф ќе ставам една заборавена слика. Од колачињата за Воскресение Послужете се и од нив .