Дај бе кажете убав ориз како се прави, во што е финтата? Сакам да се двојат зрнцата (со златна мешавина нормално)
Оризот да е сув, го пржиш да ја замени бојата, на страна вода со зачини и во водата тури златна мешавина, да се стопли до степен на вриење. 1 чаша ориз 2 чаши вода. Од кога оризот ќе ја замени бојата, жешката вода одма ја туриваш во оризот, одма ставаш капак на тенџерето и ринглата на единица. Не отвараш ич. Оризот е сув зрно по зрно се дели. Мајками работи во ресторан таа ми го даде рецептот и никогаш не сум го утнала.