Слатки пецива кои ме асоцираат на оние што би ги направила баба за своите внуци. Затоа си избрав и vintage чинија. Циметно уживање!
@Serafima ,те молам кажи ми дeка се занимаваш со кетеринг или дека си вработена во кондиторска продавница, бидејќи секоја слика што ја имаш постирано ми носи вода во устата. Дефинитивно би порачала колачиња од кај тебе, 'перфектно' е мал збор за трудот и деталите што ги вложуваш во сите твои јадења. Браво!
Би правела свадба, за @Serafima да ми направи вакви прекрасни благи нешта, да плескам со рацете од восхит и да викам - глејте ги колачињата, остајте невестата. Инаку, ниту сакам свадби, ниту се гледам себе си како невеста, па вие проценете колку ми се допаднало ова што го гледам.
Јас на Серафима би ѝ препорачала сериозно да размисли за креирање кулинарски блог. Љубовта кон готвењето ќе добие друга димензија Освен тоа, сигурно многу повеќе луѓе ќе имаат можност да ја видат твојата креативност и умешност
Е на Серафима колку пати сум и рекла, ама не слуша, досега на Мои Рецепти ќе опремеше цела кујна, ама скромна е она Истото смути само со боровинки плус, значи млеко, проетин, јагоди, боровинки и малку мед
@Serafima , твоите мајстории се ненадминливи ! Јас не сум по благо толку, ама кога ги гледам твоите слатки креации, ми доаѓа да си земам некое.
Благодарам за искрените комплименти . Е ова ми се допаѓа кога ќе кажете дека сакате благо. Па кога е така, ајде нова тура ситни колачиња. Немој да се плашите, има за сите . п.с. Се надевам дека ќе ме држи желбава (ако не спласне во меѓувреме ) за да креирам еден блог. Благодарам за поддршката .
Вчерашниот чизкејк. За прв пат го правев и излезе супер. Нареден пат совет до сама себеси - направи повеќе за да не се степаат по дома