Највкусниот компир што сум го пробала. Spoiler: Начин на готвење 4-5 компири се мијат темелно, не се лупат, се сечат по должина и се потопуваат во вода 30-40 минути. Се сушат на кујнска хартија па потоа се ставаат на плех на хартија за печење, се полева масло и се зачинуваат по желба. Јас користев маслиново масло, сол, бибер, лук во прав и буковец. Се печат 40 минути на претходно загреана рерна на 200 степени.