@Anika55 да ти се пофалам дека ја направив тортатата со плазма и крем банани, нормално дека не ми излезе профи ко твојата, ама задоволна сум. Сакав да ставам "топчиња" шлагче ко на твојата, ама само имав чоколаден, па реков ае, таков - таков. Башка, не ми се издвои убаво од калапот, се поткрши од страните, па ја премачкав со шлаг во обид да ја разубавам. Како и да е, вкусна е (по мој вкус зш сакам ванила, не чоколадо) и многу лесно се прави.
@Anika55 чупе, рајот постоел. Јас како зависник од благо планирам пред врата да ти спијам ако не ме земиш дома. Преубави сите, со око ги изедов. Емоџи шо се лигуши.
Spoiler Шишарки Леб насечен на коцки со шунка, урда, оригано, босилек, кечап, сенф, чили и сусам. Потпечено .