Мене ме интересира како филувате вака за вака убаво да се гледа филот ? Мене секогаш ми е некако во многу тенок слој,не се ни приметува а баш сакам вака да ми излегуваат тортите. Има некоја финта, топол/ладен фил или нешто? И за @SofiMar_ важи прашањето како така мазно ко сладолед излегува филот?
Па мислам дека главно зависи од густината на филот. Во овој фил конкретно има и желатин што го прави поцврст и не дозволува да се растекува, односно да се сплеска од тежината на тортата. Плус, филувана е во калап што исто така помага тортата да ја задржи формата додека убаво се излади во фрижидер.
Мојот е со жолчки и дури е врел во белиот ставам бело чоколадо, во кафеавиот млечно. Оставам да се излади на собна температура. Потоа во посебен сад го матам путерот, па ги мешам заедно. Многу е важно да ти бидат иста температура филот и путерот за да не ти се направат грутки или да ти биде како мрсен. И Пред да ја филуваш тортата обавезно филот во фрижидер убаво да се стегне.
Кора со урда и пица фил (пола пица фил, пола урда) Мрсна сарма Компири и моркови подпечени со грашок и колбаси
Не. Имам споделувано на сајт за готвење и на личните профили на социјалните мрежи и сега тука Немам таква амбиција ниту време за таква работа во моментов