Не дека се убив од готвење со малинкиве, жими што ги измив (читај: малку ги изгмечив ) и ги украсив со ливчиња од маточина. Од него.
Нема на што, @marama! Одлично изгледа, а комбинации со овошја и што ти душа сака до бескрај можеш да си правиш! Баш лесен и летен колач со кој имаш безброј опции. Мило ми е што им се бендиса на повеќе членови, тоа ми е најголем комплимент ! Ај да се уозбилам малку. Вчера на моиве им месев лепињи со бело + интегрално брашно. Одозгора сусам и лен, а планирав и сончоглед да ставам, ама брат ми го сотрел Повкусно нешто (и полошо за стомакот) од топло лепче не постои!